Нешто што некогаш било едноставен избор помеѓу јодирана кујнска сол и морска сол, денес е речиси невозможна одлука. Ако посетите кој било поголем маркет сигурно ќе забележите дека има многу видови сол со разни бои, текстура и цени. Но, која е вистинската разлика помеѓу сите видови сол? Дали навистина вреди да платите повеќе за некој вид? Погледнете ги овие 9 видови сол и нивните здравствени придобивки за следниот пат полесно да се одлучите.
rn
1. Кујнска сол
rnКујнската сол се прави со загревање на природна сол, а со тоа се уништуваат многу од корисните состојки. Ѝ се додава јод и се избелува, па кујнската сол не е најздравата опција. Најчесто таа содржи и адитиви за забавување на апсорбирањето на влажноста. Некои експерти сметаат дека преработената кујнска сол е одговорна за многу здравствени проблеми поврзани со натриумот.rn
2. Морска сол
rnСамото име кажува од каде потекнува морската сол. Таа се добива со процес на испарување при кој се одделува солта од водата. Морската сол содржи мало количество природен јод и често е помалку преработувана од кујнската сол. Иако морската сол е одличен избор, за жал загадувањето го намалува нејзиниот квалитет. Денес океаните и морињата се загадени со микропластика која е речиси невозможно да се филтрира.rn
3. Хималајска сол
rnОваа сол потекнува од Хималаите, чија розова боја доаѓа од високото количество на железо. Оваа сол е многу богата со минерали и содржи 84 елементи кои му се потребни на нашето тело. Розовата хималајска сол подобрува многу телесни функции, ги намалува грчевите во мускулите, го регулира нивото на шеќер во крвта и ја одржува рН рамнотежата во клетките. Многу експерти сметаат дека оваа сол е можеби најздрава. Нејзината популарност ја направи подостапна на пазарот.rn
4. Сива сол
rnСивата сол ја добива својата боја од глината од каде што се собира. Оваа сол ја одржува рамнотежата на електролитите, има алкални својства и ги спречува грчевите во мускулите, слично како и хималајската. Сивата сол е малку поскапа поради начинот на производство.rn
5. „Fleur de sel“
rnОваа сол често има превисока цена и се собира рачно од францускиот брег од истите базени како и сивата сол. Сепак, од секои 40 килограми сива сол се добиваат само 1,5 килограми fleur de sel.rn
6. Црна сол
rnЦрната сол потекнува од Хаваите, не е преработена и е вулканска. Бојата доаѓа од активниот јаглен кој е одличен за дигестија и отстранување токсини од телото. Покрај тоа, црната боја ѝ дава навистина интересен изглед на храната. Постои уште еден вид црна сол наречена кала намак која потекнува од Индија. Оваа сол има високо количество на сулфур, а ова ја прави одлична за дигестијата.rn
7. Црвена сол
rnИ црвената сол потекнува од Хаваите и ја добива својата боја од вулканската глина. Се смета дека оваа сол е најбогата со потребни хранливи материи, особено со железо. Ако имате ниско ниво на железо во крвта, овој вид сол е одличен додаток во вашата исхрана.rn
8. Персиска сина сол
rnОвој уникатен вид се собира од древно солено езеро во Иран. Богата е со минерали и има малку сладок вкус. Сината боја не е од минералите туку од природната компресија на структурата на солта низ милениумите. Овој вид е еден од најретките, па поради ова има неверојатно висока цена.rn
9. Чадена сол
rnЧадената сол има речиси исто количество хранливи материи како и нормалната морска сол. Всушност, чадената сол се добива од морска сол загревана на ниска температура. Поради начинот на производство, има необичен вкус, но нема некои здравствени придобивки.
Кога станува збор за одбирање сол, немојте да се водите по нејзината цена. Воглавно подобро е да консумирате непреработена сол отколку кујнска бидејќи има пониско ниво на натриум и повеќе минерали. Се разбира, нема потреба да потрошите цело богатство за поздрава сол. Егзотичните соли можат да ѝ дадат необичен вкус на храната, но најчесто не се многу подобри од другите непреработени. Одберете го видот кој ги исполнува вашите барања и вкусови.
Погледнете и кои се придобивките од морската сол.

