Грев

Сподели

Автор: Искра

Реклама

Разменети насмевки, дискретни допири,rnневин флерт помеѓу двајца во толпата…rnДве енергии, две посакувања, две страсти…rnФилмот започна да се снима, а сценариото допрва ќе се пишува.

Копнеж за повеќе, потисната желба,rnлетно овошје среде зимска сезона.rnПред нас театар, а ние дел од филм,rnглавните улоги сепак не сме јас и ти.

Вкус на чоколадо, меки усни,rnбрзи бакнежи, несинхронизирани допири.rnГолеми очекувања, тешки разочарувања,rnно, мислите упорно ја враќаат првата сцена.

Беше сладок грев, јас твојата искусна грешница,rnсакав да бидам светица…rnСепак, наместо грижа на совест, повторно изби страст,rnа другиот ден веќе ништо од нас.

Јас допирам до срце, ти по моето тело,rnпосегам по твојата рака, ти по моите гради,rnСепак… го заобиколивме искушението,rnго потиснавме привлекувањето, го избегнавме соблекувањето…

Назад во мојот филм, ти во твојата драма,rnназад во совршеноста, очи во очи со реалноста.rnНека остане сè таму каде што сè беше,rnиако се прашувам што ли беше за тебе.

Популарно

Може ќе ве интересира