12 интересни факти за кои немаат слушнато ни наставниците

12 интересни факти за кои немаат слушнато ни наставниците

Во ерата на Интернетот секој може да најде многу факти за светот во којшто живееме. Сепак, во многу од нив е навистина тешко да поверувате. Овие 12 вистинити факти ќе ви го докажат тоа.

1. Ако паднете низ Земјата, ќе ви бидат потребни 38 минути да стигнете до другата страна

12 интересни факти за кои немаат слушнато ни наставниците

Физичарите од Универзитетот во Монтреал пресметале дека на еден човек би му биле потребни 38 минути и 11 секунди за да стигне од другата страна на планетата ако падне низ дупка во Земјата. Брзината со која ќе се движи би достигнала повеќе од 28.000 километри на час.

2. Кога се на непозната локација, луѓето настојуваат да одат надесно

12 интересни факти за кои немаат слушнато ни наставниците

Професорот по психологија Стивен Битгуд, тврди дека на место без насоки, деснаците (околу 90% од населението) би свртиле надесно. Овој принцип активно се користи во продавниците – производите се редат од лево кон десно почнувајќи со најевтиниот.

3. Возот бил измислен 16 години пред велосипедот

12 интересни факти за кои немаат слушнато ни наставниците

Првиот воз, Puffing Devil, бил измислен во 1801-ва година од страна на англискиот инженер Ричард Тревитик. Првиот прототип за велосипед бил создаден во 1817-та година од германскиот професор Барон Карл вон Драис.

4. Стаорците се смеат кога ги скокоткате

12 интересни факти за кои немаат слушнато ни наставниците

Научниците откриле дека стаорците се единствените цицачи покрај луѓето што се смеат кога ги скокоткаат. Сепак, стаорците се смеат само кога се добро расположени. Ако се депресивни или исплашени реакцијата на скокоткањето е значително послаба.

5. Крзното на поларните мечки не е бело

12 интересни факти за кои немаат слушнато ни наставниците

Всушност, крзното на поларните мечки нема пигмент и е полутранспарентно. Нивната кожа е црна, а ова им помага да се затоплат бидејќи црната боја подобро ја апсорбира сончевата светлина и го забрзува сушењето на крзното.

6. Поголемиот дел од салото се исфрла со издишување

12 интересни факти за кои немаат слушнато ни наставниците

Австралискиот физичар Рубен Мирман направил низа експерименти и открил дека луѓето го издишуваат салото. Дел од него се претвора во вода, а поголемиот дел во јаглероден диоксид што го издишуваме.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар