Времето сепак не е лек за сè: Науката го испитува синдромот „Скршено срце“

Времето сепак не е лек за сè: Науката го испитува синдромот „Скршено срце“

Постои популарно верување дека состојбата на скршено срце се лечи со текот на времето, но сега науката има докази дека тоа не е сосема точно. Синдромот на скршено срце медицински е познат како Такокубо стресна кардиомиопатија. Медицински тим од шкотскиот Универзитет во Абердин ја истражувале оваа појава и влијанието на времето врз неа.

Времето сепак не е лек за сè

Резултатот кој го добиле води до заклучок дека нема третман за лечење на оваа состојба. Синдромот на скршено срце првпат е опишан во Јапонија во почетокот на 90-тите. Тој предизвикува зголемен стрес како последица на животни настани како што се смрт на блиска личност, учество во несреќа или лоши чувства по прекинување на љубовна врска. Лицата кои страдаат од скршено срце можат да почувствуваат реална болка во градите и околу срцето, а доколку лекарски се провери состојбата, нема знаци на никаква блокада или неправилна работа. И покрај тоа, пациентите можат да бидат целосно скршени, затоа што срцевиот мускул функционира неправилно, како последица на стресната ситуација.

Тимот од Универзитетот во Абердин заклучил дека времето не е лек за скршеното срце. Иако регуларниот кардиограм не покажувал неправилности, пациентите пријавиле дека не се чувствуваат присебни и не можат да учествуваат во напорни активности, но и не можеле правилно да ги завршуваат работните задачи.

Времето сепак не е лек за сè

Поради тоа, користени се понапредни лекарски испитувања, како што се кардиомагнетна резонанца и спектроскопија и притоа е заклучено дека аномалијата во работата на срцето сепак постои, односно тоа самото не е доволно способно да генерира енергија за правилни отчукувања.

Со ова истражување донесени се значајни заклучоци коишто во иднина можат да помогнат секој пациент да се третира како посебен случај, за да може да се разберат точните причини поради кои настанал синдромот. Сознанијата на основа на прегледот ќе доведат до точниот метод и терапија, со кои ќе се врати правилната обнова на енергијата на срцевиот мускул, со што ќе се излечи (или барем ќе се подобри состојбата) на скршеното срце.

Дознајте и што ќе ви се случи кога ќе ја отворите срцевата чакра.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар