КАФЕ ПАУЗА

Благотворни рецепти со цимет за убавина и здравје

(1) blagotvorni-recepti-so-cimet-za-ubavina-i-zdravje

Циметот има благотворно дејство на целиот организам. Тој е најпознатиот додаток во кафето како и во голем број популарни јадења, но со векови наназад во Кина и Индија се користи за лечење грип и проблеми со желудникот. Па, доколку сакате да дознаете нешто повеќе за моќта на овој зачин, продолжете со читање.rnrnblagotvorni-recepti-so-cimet-za-ubavina-i-zdravjern

Лош здив

rnДоколку имате проблеми со лош здив, сè што треба да направите е да изедете едно стапче цимет или да го ставите овој зачин во топла вода и да го испиете.rn

Сјај за усни

rnКако за почеток, ставете малку вазелин на усните, потоа истријте ги со малку цимет и оставете да делува 2-3 минути. Ќе почувствувате малку трпнење, но ефектот ќе биде одличен. Никогаш не ставајте цимет директно на кожата бидејќи може да дојде до иритација.rn

Маска за лице

rnИсчистете го лицето од акни со производ на база на цимет кој сами ќе го направите. Измешајте 3 лажички мед и 1 лажичка цимет. Кога смесата ќе стане доволно густа, нанесете ја на лицето. Циметот помага во борбата против акните, додека медот ја хидрира кожата.rn

Ја отстранува сувата кожа

rnЗа да го отстраните слојот на сува кожа и да го вратите нејзиниот сјај, доволно е да направите смеса од морска сол, бадемово масло, мед и мелен цимет, и да ја нанесете на местото каде што ви е сува кожата.rnrnДознајте нешто повеќе и за овие 6 заболувања што можат да се олеснат со чај од цимет.