Алкохолот повеќе им штети на жените, отколку на мажите
Во Германија било спроведено истражување за влијанието на алкохолот врз стапката на смртност кај жените и дојдено е до резултат дека оние жени кои пијат алкохол имаат поголем ризик за смрт отколку мажите. Истражувањето се спроведувало цели 14 години, а учествувале 4.700 испитаници на возраст од 18 до 64 години. Од нив, 149 биле алкохоличари и тоа 119 мажи и 30 жени.
Ризикот за смртност кај жените алкохоличари е дури за 460% поголем одошто кај луѓето кои живеат живот без пороци. Кај мажите склони на алкохол, ризикот е 190% во однос на оние кои не пијат.
Ова е прво истражување за алкохолизмот, а кое се однесува на разликите во полот, податоци кои се ретки дури и во клиничките досиеја. За време на истражувањето тимот се соочил со неколку проблеми. Најчесто тие немале податок дали некој е лечен алкохоличар, ниту пак дали зема лекови кои може да имаат лоша реакција со алкохолот и со тоа да влијаат на смртноста.
Заклучокот е важен за жените, особено за оние кои сакаат да посегнат по чашка. Тие мора да бидат умерени и внимателни, бидејќи нив алкохолот им штети повеќе отколку на мажите.
Прочитајте ги и овие 10 митови за алкохолот во кои не треба да верувате.