Во светот има многу луѓе кои се огромни фанови на нешто. Но, сигурно малкумина би потрошиле речиси 60.000 евра на декорации. Азуса Сакамото е огромен обожавател на Барби куклата и создала нејзин дом од соништата. Па, погледнете како изгледа тоа.rn
Сè е розово
rnНема потреба да живеете во замок за да се чувствувате како Барби. Можете да го трансформирате и најмалиот апартман, сè додека имате 57.000 евра. Од бојата на ѕидовите и завесите и сè помеѓу, нема сомнение дека овој апартман припаѓа на обожавател на Барби.rn
Кујна
rnОваа девојка ќе ве убеди дека ниту едно место не е премногу мало за да му додадете ваш личен печат. Секој дел од кујната е посветен на Барби, па дури и кујнските апарати.rn
Спалнаrn
rnНе е изненадувачки фактот дека Сакамото дури и спие на Барби кревет. Можеби не изгледа како најудобната спална, но Сакамото не може да живее во друго опкружување.rn
Гардеробер и облека
rnВо светот на Сакамото буквално сè е поврзано со Барби. Од утро до вечер, таа секогаш носи облека инспирирана од познатата кукла.rn
Ѕид за лакови за нокти
rnНиту една комбинација не е комплетна без бојата на ноктите, зарем не? Барем ова важи за најголемиот фан на Барби. За среќа, таа знае сама да си ги средува ноктите и има цел ѕид нареден со лакови кои одговараат на нејзината облека.rn
Тоалет
rnВистински трон за љубител на оваа кукла. Домот на Сакамото не би бил целосен без розова просторија за средување, па таа го направила токму тоа.rn
Колекција Барби кукли
rnМожеби ова не е најголемата колекција којашто сте ја виделе, но сигурно е импресивна. Од ретки примероци, до соработки со дизајнери, Сакамото има 160 Барби кукли. Во ова „море од жени“ се наоѓа само една Кен кукла.
Погледнете ги и најгрдите и најчудните домови на познатите ѕвезди.

