КАФЕ ПАУЗА

Кучето е најдобар пријател на човекот: 7 причини зошто треба да вдомите постар пес

Written by

in

,

Кученцата се најбарани кога станува збор за вдомувањето кучиња. Но, загледајте се во очите на постар пес и ќе видите колку љубов се крие во нив, па ќе ви стане јасно дека и на постарите кучиња им треба дом, исто колку и на младите. Ноември е месец на вдомување постари кучиња, односно кучиња постари од 7 години – што е совршена прилика да се потсетите зошто на вашиот дом му недостига барем еден благодарен „старец“.rnrn0-kucheto-e-najdobar-prijatel-na-chovekot-7-prichini-zoshto-treba-da-vdomite-postaro-kuche-kafepauza.mkrn

1. На постарите кучиња во шинтерниците им е потребен дом исто колку и на младите

rnМногу од старите кучиња некогаш имале сопственици и биле сакани. Поради некоја причина, биле напуштени и завршиле во шинтерница. Исто како кутрињата, и постарите кучиња се лојални домашни миленичиња преполни со љубов.rn

2. Ако вдомите постаро куче можеби ќе му го спасите животот

rnШинтерниците се полни со стари кучиња и за жал, тие први ќе бидат еутанизирани ако не се вдомат во одреден рок. Ако вдомите постаро куче не само што ќе му пружите убав живот, туку може и да го спасите од еутаназија.rnrn2-kucheto-e-najdobar-prijatel-na-chovekot-7-prichini-zoshto-treba-da-vdomite-postar-pes-kafepauza.mkrn

3. Старите кучиња не се проблематични (како што многумина мислат)

rnТие остануваат без нивниот дом од разни причини кои вообичаено немаат врска со нивното однесување или темперамент, туку повеќе со тоа дека сопствениците не можеле да ги задржат поради алергии, смрт на оној што ги чувал, раѓање бебе, губење на работата, преселување, промена на работниот распоред или други животни промени.rn

4. Постарите кучиња вообичаено се тренирани и ги разбираат барем основните заповеди

rnПоголемиот дел од старите кучиња знаат каде се врши нужда и ги слушаат основните наредби: „седни“, „стани“, „дојди“ и „долу“. Ако вдомите постаро куче ќе заштедите многу време и енергија кои инаку би ги вложувале во тренирање на мало кученце.rn

5. Постарите кучиња можат да научат нови трикови

rnКучињата можат да се тренираат во секој период, а старите кучиња се еднакво паметни како и помладите. Дури „старците“ и повеќе внимаваат, па затоа е полесно да ги тренирате.rnrn1-kucheto-e-najdobar-prijatel-na-chovekot-7-prichini-zoshto-treba-da-vdomite-postaro-kuche-kafepauza.mkrn

6. Постарите кучиња се помирни и помалку енергични од помладите

rnСениорите веќе имаат формирано однесување и темперамент поради што веднаш ќе знаете како ќе се вклопат во вашиот дом. Со оглед на тоа дека веќе ги имаат сите заби, немаат потреба да гризат предмети – како што е случајот кај кученцата. Многу кучиња „во години“ одлично се сложуваат со децата затоа што се помалку енергични, а и постои веројатност дека претходно живееле со деца.rn

7. Постарите кучиња се одлични следбеници

rnЗа разлика од кученцата кои треба да се научат на ременот, постарото куче веднаш може да ве следи во шетање и со нив веќе може да си играте „фати – донеси“. Постарото домашно милениче ќе ви биде совршен пријател во рекреативните спортови и верен пријател кој на крајот од денот ќе се завие покрај вас и ќе ви ја разубави вечерта.