КАФЕ ПАУЗА

5 хипи трендови кои повторно се враќаат во мода

5 хипи модни трендови кои повторно се враќаат

Можеби не сме сведоци на легендарниот фестивал Вудсток, но тоа не значи дека не можеме да ги позајмиме модните трендови од овој хипи собир. Ако некогаш ви било криво бидејќи не сте родени во тој период, овие 5 модни трендови од 60-тите и 70-тите ќе направат да се чувствувате како вистинска хипи девојка.rn

1. Храбри цветни принтови

rn5 хипи модни трендови кои повторно се враќаатrnrnТогаш: Цветен принт од глава до пети.rnrnДенес: Одберете едно парче со овој дезен и комбинирајте го со една неутрална боја.rn

2. Фармерки „ѕвонарки“

rn5 хипи модни трендови кои повторно се враќаатrnrnТогаш: Комбинирани со рамни чевли и подолга блуза.rnrnДенес: Овие пантолони можат да изгледаат навистина добро во зависност од тоа како ќе ги комбинирате. Наместо со рамни чевли и блуза без форма, носете ги со високи потпетици и потесна блуза која ќе ја истакне вашата половина.rn

3. Кроп топ

rn5 хипи модни трендови кои повторно се враќаатrnrnТогаш: Мотото било – колку е блузата пократка, толку панталоните треба да бидат повисоки.rnrnДенес: Овие маички се носат со пантолони и здолништа со висок струк. Можат да изгледаат навистина добро и ги истакнуваат вашите облини.rn

4. Реси

rn5 хипи модни трендови кои повторно се враќаатrnrnТогаш: На јакни, панталони, елеци и сè друго.rnrnДенес: Наместо целата облека да биде со реси, одберете само еден ваков додаток, како на пример чанта.rn

5. Кружни очила

rn5 хипи модни трендови кои повторно се враќаатrnrnТогаш: Целта била да наликувате на бубачка.rnrnДенес: Формата на очилата е речиси иста. Но, денес овие очила ги има во многу големини, бои и дезени.rnrnПогледнете и кои трендови ќе владеат оваа пролет.