17 научни факти кои звучат премногу лудо за да бидат вистинити
Кој вели дека науката треба да биде здодевна? Научниците неодамна открија дека кокосовата вода може да се прима преку вена и дека Мона Лиза имала веѓи. Светот не престанува да нè изненадува, а овие факти ќе ви го докажат тоа.
1. Најстуденото место во универзумот е на Земјата. Научниците успешно замрзнале атоми користејќи ласер. Ова им дозволило да постигнат температура која е неверојатно блиску до апсолутна нула.
2. Ако можеме да се ослободиме од празниот простор помеѓу атомите, целото човештво би го собрало во едно јаболко.
3. Хемикалијата што ѝ го дава вкусот на малината ја има во изобилство низ целиот универзум. Ако би можеле да го вкусиме универзумот, веројатно би имал вкус на малина.
4. Една од најлизгавите супстанци на светот е лубрикантот во колената.
5. Најголемиот жив организам во светот е Armillaria ostoyae, вид печурка која расте во САД. Нејзината големина е повеќе од 8 километри квадратни и е стара околу 2.400 години.
6. Мозокот на лигната изгледа како крофна. Причината за ова е нивниот дигестивен систем – храната оди во мозокот поради градбата на нивното тело. Оваа форма му дозволува на мозокот да остане во еден дел кога лигната голта големи парчиња храна.
7. Болвите може да забрзаат повеќе од вселенските летала. Нивните скокови се 700 центиметри во милисекунда, 50 пати повеќе од вселенско летало.
8. Човечките бели дробови имаат површина колку тениско игралиште.
9. Луѓето имаат генетска предиспозиција да имаат повеќе ќерки или синови. На пример, луѓето кои имаат повеќе сестри имаат ќерки и обратно, оние што имаат повеќе браќа имаат синови.
10. Рибата Toxotes chatareus може да ги препознава човечките лица. Ова е резултат од едно истражување на Универзитетот Оксфорд и рибата покажала точност од над 80%.
11. Висината на Ајфеловата кула се менува во зависност од времето. Во лето кога е топло, таа се зголемува за 175 центиметри. Металот се шири на високи температури, па поради ова и кулата е повисока кога времето е топло.
12. Звукот на телевизорот кога нема програма е трага од Големиот прскот. Сè започнало со експлозија на светлина која се раширила во сите правци. Звукот е дел од таа експлозија. Па, дури и денес можеме да го слушнеме раѓањето на универзумот.
13. Рибата наречена Cryptotora thamicola може да се качува на карпи. Ова е единствената риба што може да оди. Ги користи своите перки како „раце“ исто како влекачите.
14. Специјалистот за уметност Паскал Коте ја истражувал Мона Лиза и открил дека таа имала веѓи. Тие исчезнале со текот на времето и сега не можеме да ги видиме. Покрај тоа, лицето на Мона Лиза било многу пошироко, а небото посино.
15. Блиските пријателства кај машките шимпанза им помага да го намалат нивото на стрес за време на конфликт. Научниците откриле дека борбите се помалку драматични ако шимпанзата имаат пријател покрај себе.
16. На мозокот му е потребна енергија колку светилка од 10 вати, без разлика дали сте заспани или разбудени.
17. Честото консумирање кафе може да ја намали големината на градите. 3 шолји кафе дневно можат да ги намалат вашите гради, особено ако биле поголеми. Причината за ова е тоа што кофеинот согорува масти, а како што веќе знаеме градите во главно се направени од тоа.
Прочитајте ги и овие факти кои сигурно ќе ви ја променат перспективата на животот.