КАФЕ ПАУЗА

Погледнете ги неверојатните фотографии од кинескиот Париз

Погледнете ги овие фотографии од кинескиот град што го копира Париз

На источниот брег на Кина, што е илјадници километри оддалечен од Париз, се наоѓа реплика на Ајфеловата кула висока околу 108 метри, сместена во градот Тиандученг. Интересно, но тука не запираат сличностите со градот на светлината. Овој град го нарекуваат уште и „Париз од истокот“.rnrn

Погледнете ги овие фотографии од кинескиот град што го копира Париз
Лево: Париз / Десно: Тиандученг
rnrnСамата идеја била да се направи град кој во себе го содржи класичниот европски шарм. Па така, освен Ајфелова кула, жителите на Тиандученг имаат и Триумфална порта и Елисејски полиња, Версајска палата и згради изградени во француски неокласичен стил.rnrnПред 10-тина години за Тиандученг се велело дека е град на духови, а денеска е вистинска туристичка атракција. Доаѓаат и туристи од Кина, но и од други делови на светот, особено млади парови кои сакаат совршена позадина на нивните свадбени фотографии.rnrn
Погледнете ги овие фотографии од кинескиот град што го копира Париз
Лево: Париз / Десно: Тиандученг
rnrnОва не е единствен случај на копирана архитектура на територијата на Кина. На пример, во еден дел од Пекинг се наоѓа областа Џексон Хол, Вајоминг, додека градот Фужу гради копија на Стратфорд, Авон, во чест на Шекспир.rnrnСпоред Бјанка Боскер, која е автор на книгата „Оригинални копии: Архитектската мимикрија во Модерна Кина“ (Original Copies: Architectural Mimicry in Contemporary China), Кинезите не се задоволуваат со кич-имитации, туку целат кон копирање на најголемите архитектонски дела, за да покажат колку се вешти и напредни во технологијата.rnrn
Погледнете ги овие фотографии од кинескиот град што го копира Париз
Лево: Париз / Десно: Тиандученг
rn

„Еднаш тие се нарекуваа центар на светот, но сега Кина се претвора во центар што го содржи светот“, напишала Боскер.

rnСепак, Тиандученг може да биде целосна копија на Париз, но според кинеското министерство за надворешни работи, не смее да се именуваат местата како оригиналите, за да не се доведе во прашање националниот идентитет. Па така, ако некогаш се најдете во овој град што личи на европскиот град на светлината, воздржете се да го нарекувате Париз.rnrnВо продолжение погледнете уште неколку споредбени фотографии од двете локации (Париз се наоѓа на левата, а Тиандученг на десната страна):rnrnПогледнете ги овие фотографии од кинескиот град што го копира Париз Погледнете ги овие фотографии од кинескиот град што го копира Париз Погледнете ги овие фотографии од кинескиот град што го копира Париз Погледнете ги овие фотографии од кинескиот град што го копира Париз