Најмладоликата дама во зодијакот: Мажите даваат сѐ за жените родени во овој знак!
Тие не се плашат од нови познанства и воопшто не се вообразени, но немаат голем интерес за долги љубовни врски. Тие се непредвидливи и својата друштвена и љубезна маска многу лесно можат да ја заменат со арогантна и ладна. Жените родени во знакот Близнаци се навистина фантастични! Тие се забавни, дружељубиви, волшебни и провокативни.
Жените Близнаци бараат партнери со кои ќе бидат на исто интелектуално ниво. Само така би можеле да се заинтересираат за некого, бидејќи овие дами не се зближуваат физички со луѓе кои не се способни да им поставуваат интелектуални предизвици.
Жените родени во овој хороскопски знак имаат неверојатно младешки изглед. Тие се интелектуално љубопитни, комуникативни, духовити, брилијантни и модерни. Нема изложби, театарски премиери и значајни настани што Близнаците би можеле да ги пропуштат. Честопати и самата професија им го налага тоа, бидејќи жените Близнаци многу често се занимаваат со јавни работи.
Нивната непресушна желба за новитети има негативно влијание на нивните финансии и честопати доведува до ексцентричен изглед кој е истовремено резултат и на егзибиционизмот, што е типично за Близнаците.
Жените Близнаци постојано ги прилагодуваат сите нивни потреби, а истото се обидуваат да го направат и со партнерот. Промените им се многу важни за нивниот живот и психички развој. Подготвени се да ги искористат сите нивни „женски оружја“, шарм и привлечност за да го добијат она што го сакаат.
Секогаш се 2 чекора понапред од нивните партнери. Покрај нив, партнерите не ни мораат да размислуваат. Можат само да им се препуштат и да им дозволат да им откријат нови светови. Со жените Близнаци секој нов ден е како нов живот.
Близнаците го будат разиграното дете кај нивните најблиски. Партнерите се чувствуваат освежено и вечно младо покрај нив и се прашуваат како заслужиле толкава среќа. Со припадничките на овој знак никогаш нема да ви биде здодевно, бидејќи тие можат во сѐ да најдат смисла. Доказ за тоа дека никогаш не им е доста од љубовта претставува и податокот дека Близнаците се венчаваат дури и во старечки домови, многу почесто за разлика од другите знаци.
И да… полни се со изненадувања! Кога ќе бидете мрзоволни, жените Близнаци ќе ве изненадат со карта за најбараниот концерт или за некој голем спортски настан. Сѐ што бараат од партнерот е и тој да ги изненадува понекогаш.
Предупредување: Овие дами многу лесно се вљубуваат и затоа може да имаат и повеќе од еден љубовник истовремено. Тие се толку комуникативни што благодарение на својот шарм можат да го опијат секој човек кој ќе започне разговор со нив. Никој не може да им одолее на жените Близнаци и вистина е дека мажите даваат сѐ за припадничките на овој знак!
Прочитајте и зошто треба да се вљубите во жена која е Близнаци во хороскоп.