Орелот кој сака да го дофати сонцето, не смее да ги опушти крилјата: 117 германски поговорки и мудри изреки

Орелот кој сака да го дофати сонцето, не смее да ги опушти крилјата: 117 германски поговорки и мудри изреки

Секогаш може многу да се научи од поговорките и мудрите изреки кои се пренесувале од генерации на генерации. Следниве германски поговорки останале запишани и запомнети, а има и зошто. Прочитајте ги овие мудри изреки кои ќе ве замислат и ќе ви ги отворат очите…

100-ина германски поговорки: Орелот кој сака да го дофати сонцето, не смее да ги опушти крилјата

1. Ако детелината лежи покрај роза, и таа ќе мириса на роза.

2. Ако не сакате да задоцните, не чекајте ги оние кои одат позади вас и немојте да ги бркате оние кои одат пред вас.

3. Ако природата сака десно, не оди лево.

4. Богатството е убав килим со кој честопати се прикриваат валканите ѕидови.

5. Болката е единственото нешто што нема завист.

6. Подобро е да кажете малку, но со многу чувства, отколку да кажете многу, но со малку чувства.

7. Подобро е да кривите на правиот пат, отколку да трчате на погрешниот (кривиот) пат.

8. Подобро да не е вистинското време, отколку да е невреме.

9. Бракот доаѓа после љубовта, исто како што чадот настанува после пламенот.

10. Грижа предвреме, грижа навреме и грижа отпосле – Сите овие грижи се непотребни.

11. Големиот лонец што клокоти, се стишува со малку ладна вода.

12. Големината не означува вредност, бидејќи во спротивно огромниот камен би вредел повеќе од дијамантот.

13. Повеќе може да расипе лутината за еден момент, отколку што може разумот да поправи за еден ден.

14. Власта е како крчма: Ретко кој излегува трезен од неа.

15. Таму каде што недостасуваат луѓе, самите треба да бидеме луѓе.

16. Главата се познава по јазикот.

17. Говори, да те видам.

18. Грешката дебела како влакно може да ве оддалечи од целта стотици километри.

19. Грубоста често се кае, а благоста никогаш.

20. Давај онака како што би сакал да добиваш, добивај онака како што би сакал да даваш.

21. До 5-тата година, детето е твој господар, до 10-тата твој слуга, од 10-тата до 15-тата твој таен сојузник, а потоа станува или твој пријател или твој непријател.

22. Добрата боранија сама се отвора.

23. Доброто што на грбот носи зло, не е добро.

24. Доволно среќен е оној кој нема време да биде несреќен.

25. Долговите, староста и смртта незабележано се вовлекуваат во домот.

26. Ѓаволот го напуштил овој свет, бидејќи знаел дека луѓето сами ќе направат пекол на Земјата.

27. Житото не трае толку долго колку сламата.

28. Вљубените се како кучиња кои имаат болви.

29. И најопасното куче мавта со опашот.

30. Искуството е добар лек, но тој секогаш доаѓа тогаш кога болеста ќе помине.

31. Вистината е како света вода: Секој ја фали, но никој не сака да му ја прскаат во очи.

32. На вистината не ѝ треба сапун, таа има природна убавина.

33. На вистината не ѝ требаат многу зборови, а лагата никогаш нема доволно.

34. Некои сами ја создаваат својата судбина, а други ја добиваат на готово.

35. И денес умираат луѓе на патот кон ветената земја.

36. Кон рајот најмногу погледи фрлаат оние кои се најблиску до пеколот.

37. Како што го бараме Бог, така и го наоѓаме.

38. Кога обете ластовици носат кал, гнездото брзо ќе биде направено.

39. Кога ќе згасне љубовниот оган, се гледа многу пепел, но нималку злато.

40. Кога кулата ќе падне, таа е сѐ уште кула, а кога ѓубрето ќе се издигне, тоа останува ѓубре.

100-ина германски поговорки: Орелот кој сака да го дофати сонцето, не смее да ги опушти крилјата

41. Ако човек го остава гревот да му почива пред куќа, лесно ќе му влезе внатре.

42. Тој што оди по правиот пат, многу брзо ќе добие сопатници.

43. Тој што има грижи, доволно е болен.

44. Кој има среќа – не му треба памет. Кој има памет – му треба среќа.

45. Тој што молчи на првата навреда, на втората крши коски.

46. Тој што ќе ги научи децата да бидат задоволни со малку, ќе им остави многу повеќе од богатство.

47. Кој се колеба, половина веќе изгубил.

48. Кој спие сам, не може да ги разбуди другите.

49. Кој може да се радува денес, нека не чека до утре.

50. Кој нема да ѝ отвори врата на среќата, не смее да се жали ако таа не влезе.

51. Оној што ја трпи старата неправда, тој ја повикува дома и новата.

52. Кој сака да учи, секаде ќе најде училиште.

53. Кому му е секој ден здодевно, не смее да се жали поради краткотрајноста на животот.

54. Крај на гревот – почеток на каењето.

55. Лебедот останува лебед дури и тогаш кога се дружи со гуски.

56. Лагата е како топка снег: Колку повеќе ја тркалате, толку поголема станува, а колку што е сонцето посилно, толку побрзо се топи.

57. Убавата солза лесно наоѓа марамче што ќе ја избрише.

58. Убавите зборови и нежниот дожд секаде продираат.

59. Љубовта и омразата се како вел пред очите: Првиот дозволува да го видиме само доброто, а вториот само лошото.

60. Луѓето зборуваат за добри дела, а не ги прават. Лошите ги прават, а за нив не зборуваат.

61. Малите крадци ги бесиме, а пред големите симнуваме капа.

62. Не треба да се потценуваат малите непријатели и малите рани.

63. Зборувајте малку со другите, но многу со самите себе.

64. Мирот во школките ги создава бисерите.

65. Многумина би сакале да го разберат светот, а го виделе само низ отворот на клучалката.

66. Многумина многу знаат, но никој не се знае сам себе.

67. Многумина се добри само додека не им пораснат рогови и канџи.

68. Потребно е многу пепел за да се погреба вистината.

69. Големо срце, многу солзи.

70. Мажот е сонце, а жената месечина. Мажот владее преку ден, а жената навечер.

71. По големите едра ветрот најмногу удира.

72. Нема пајажина на мелницата што работи.

73. 4-ца се возат на велосипедот на среќата: Едниот се качува, другиот се симнува, третиот е на врвот, а четвртиот на дното.

74. Надежта е брод со јарбол од слама.

75. Најголемата победа е победата на самиот себе.

76. Најголема мудрост е да не се биде секогаш мудар.

77. Народот е топка која може да се насочи во кој било правец.

78. Нема поента постојано да се укажува на црната облека на оној кој веќе ја соблекол.

79. Не му верувајте на човекот кој зборува многу со многумина.

80. Не мислете го она што не би смеело да го знае секој, не кажувајте го она што не би требало да го чуе секој, не правете го она што не би требало да го види секој.

100-ина германски поговорки: Орелот кој сака да го дофати сонцето, не смее да ги опушти крилјата

81. Нема бисер во секоја школка, но секоја треба да се прегледа.

82. Некогаш црквите биле мрачни, а срцата светли, сега црквите се светли, а срцата мрачни.

83. Нема полоша осаменост од онаа помеѓу двајца.

84. Нема стебло што би носело толку лоши плодови како што е човекот.

85. Ни ракот не останува засекогаш во истиот оклоп.

86. Не е доволно да се посади љубовта, треба и да се полева.

87. Не се среќни сите оние кои имаат среќа.

88. Никој не се покајал поради тоа што јадел умерено и зборувал малку.

89. Од исто дрво се прават и свињарникот и црковната клупа.

90. Оној кој сака среќата да му снесе златни јајца, треба брзо да направи гнездо.

91. Орелот кој сака да го дофати сонцето, не смее да ги опушти крилјата.

92. Прераната сеидба често изневерува, задоцнетата-секогаш.

93. Работата е десна рака на среќата, а лева е умереноста.

94. Сиромавиот има само една болест, а богатиот има секој ден нова.

95. Среќата и обувките не смеат да бидат ниту преголеми ниту премали.

96. Среќен е оној кој нема непријатели, а уште посреќен е оној кој никому не е непријател.

97. Среќата и виножитото никогаш не ги гледаме над својата куќа, туку само над туѓата.

98. Срцето подобро гледа од очите. Очите гледаат, но срцето е видовито.

99. Старата заблуда има повеќе пријатели од новата вистина.

100. Сомнежот е змија која не смееме да ја храниме, туку веднаш треба да ѝ ја згмечиме главата.

101. Вратата што ни еден клуч не ја отвора, ќе ја отвори трпението.

102. Туѓите солзи можат да ги поштедат сопствените.

103. Ако ја запознаеш маната, веќе половина си ја поправил.

104. Ушите се поопасни од јазикот.

105. Молчи или кажи нешто што е повредно од молчењето.

106. Чавките им кажуваат на враните дека гавраните се црни.

107. Чистата совест има храбар јазик.

108. Човекот има многу пријатели, сѐ додека не станат непотребни.

109. Човекот би можел да направи сѐ што сака само кога би го сакал она што го може.

110. Човекот го надминува животното со говорот, а тоа него со молчењето.

111. Човек мора во младоста да се погрижи за стапот на кој ќе се потпира во староста.

112. Внимавајте да не им влезете на луѓето во уста, бидејќи тешко ќе излезете од неа.

113. Тоа што со векови не успеало, нужноста ќе го заврши за еден ден.

114. Она што ќе стане коприва, од мало пече.

115. Скап е чеканот кој одмора на наковалната.

116. Сиромаштијата е крава на богатите.

117. Лесно се доаѓа до памет на туѓа штета.

Доколку ви се допаднаа овие мудрости, прочитајте ги и следниве руски поговорки за сечија душа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар