Интровертите речиси секогаш имаат лоша репутација. Ако некој дознае дека сте интроверт, веднаш помислува дека не сакате луѓе или дека сте премногу срамежливи. Понекогаш тоа е вистина, но оваа особина крие многу повеќе. Погледнете некои од најчудните карактеристики на интровертите.rnrn
rn
1. Ја сакаат приватноста, но сакаат и да го кажат своето мислење
rnИнтровертите обично се луѓе кои навистина ја ценат својата приватност и не откриваат многу за нивниот личен живот. Но понекогаш навистина сакаат некој да им постави прашање во врска со животот.rn
2. Изгледаат смирено додека се „распаѓаат“ однатре
rnИнтровертите одлично ги кријат своите чувства од другите. Навистина е тешко да прочитате за што размислуваат. Многу често се преправаат како сè да е во ред, кога всушност им се руши целиот свет.rn
3. Сакаат да останат дома, но сакаат и вистински да се забавуваат
rnИнтровертите уживаат во времето кое го поминуваат со себе. Па седењето дома во петок навечер за нив е совршено помината ноќ. Но понекогаш сонуваат да излезат со многу луѓе. Сепак, кога ќе им се пружи таква можност, често го менуваат мислењето и се враќаат во својата школка.rn
4. Со пријателите се луди и забавни, а со странците се срамежливи и тивки
rnПоради ова малкумина го знаат вистинскиот карактер на интровертите.rn
5. Сакаат да се дружат со партнерот или пријателите, но не сакаат да се социјализираат со нив
rnНа интровертите им е доволно малку социјална интеракција во текот на денот. После тоа сакаат мир и тишина, но сепак сакаат да бидат со пријателите или партнерот.rn
6. Најдобро се изразуваат преку пораки
rnМногу често интровертите се вистински интелектуалци кога комуницираат преку пораки. Но, кога ќе се сретнат со некого може да им биде навистина тешко да кажат што било.rn
7. Имаат премногу длабоки мисли, но не знаат како да ги споделат
rnИнтровертите често сакаат да ги споделат своите мисли но малкумина можат да ги разберат. Понекогаш дури и тие самите не можат да ги сфатат мислите што ги имаат.rn
8. Го знаат одговорот на секое прашање на наставникот, но никогаш не го кажуваат
rnКолку и да биле сигурни за одговорот, интровертите речиси никогаш не го кажувале на глас. Помислата дека сите ќе гледаат во нив додека зборуваат, може да им биде навистина застрашувачка.rn
9. Сакаат сè да прават сами, но не сакаат да бидат осамени
rnНа интровертите им е сосема добро кога работат сами, но понекогаш може да се чувствуваат осамено. Оваа осаменост се појавува ненадејно. Иако уживаат кога работат сами, понекогаш им е потребно друштво.rn
10. Сакаат утеха, но истовремено сакаат и да ги оставите на мир
rnНа интровертите им се допаѓа помислата дека има на кого да се потпрат во тешките моменти. Но најчесто сакаат утехата да им доаѓа оддалеку.rn
11. Сакаат длабока поврзаност, но тешко им е да се отворат
rnИнтровертите сакаат да се поврзат со своите блиски, но навистина им е тешко да зборуваат за себе со другите.rn
12. Сакаат спонтаност, но имаат и потреба од планирање
rnИако понекогаш имаат навистина слободен дух, интровертите сепак имаат желба да планираат пред да направат нешто. На овој начин ја имаат контролата додека му дозволуваат на универзумот да им го покаже патот.rnrnПогледнете ги и знаците кои покажуваат дека сте вистински интроверти.
