Потполно ве разбираме кога ќе кажете дека ви претставува тешкотија да станете наутро за да подготвите појадок, а уште повеќе ве разбираме ако после напорната работа имате проблем да останете будни во текот на целиот ден. Затоа денес ви претставуваме неколку вкусни идеи за појадок кои со сигурност ќе ве одржат будни подолго време. Станува збор за солени и слатки појадоци со кои ви е гарантирана доволната количина енергија за во текот на целиот ден.rnrn
rnrnДоколку својот ден не можете да го започнете без некоја слатка закуска, тогаш дефинитивно изберете мафини со Нутела и банана.rnrn
rnrnСакате омлет, но немате доволно време да го направите? Постапката е премногу едноставна! Сè што треба да направите е сите состојки за омлетот да ги ставите во калап за мафини и да ги потпечете.rnrn
rnrnДоколку не сакате вашиот појадок да биде толку сладок, а сепак да биде витамински и здрав, тогаш идеален избор за вас се мафините со јаболка и цимет, кои ќе ги украсите со исечкани свежи јагоди.rnrn
rnrnНема подобра опција за појадок од премногу вкусното смуди. Наш предлог е тоа да биде смуди кое е богато со банани и разни семиња, кое ќе го дополнувате по вкус и ќе го направите уште похранливо.rnrn
rnrnМафините со боровинки не чинат многу, а можете да ги направите и сами во микробранова. Без разлика, овие мафини се одличен избор за појадок.rnrn
rnrnЗа да направите едноставен, но потполно витамински појадок, изберете тост намачкан со авокадо. Авокадото е многу здрава состојка која ги подобрува функциите на мозокот, па со самото тоа е одличен избор за утринските часови, бидејќи ја зголемува вашата концентрација и прави да имате многу енергија во текот на целиот ден.rnrn
rnrnЗа да не се оптоварувате наутро со правењето комплициран појадок, оставете во чаша или тегла да отстоијогурт помешан со житарки и овошје. На тој начин ќе добиете здрав и вкусен појадок кој ќе биде вистинска енергетска бомба за вашиот организам.rnrn
Идеи за лесни појадоци кои ќе ви дадат енергија за целиот ден
