3 едноставни начини да го победите внатрешниот критичар и да си ја подобрите самодовербата
Една од најчестите препреки при остварувањето на соништата и достигнувањето на својот максимум е внатрешниот критичар. Тоа негативно чувство што нè јаде однатре како отров, доколку се остави без контрола, ќе се претвори во бариера за успехот и ќе ни ја намали самодовербата без воопшто да забележиме. Токму затоа е и многу важно да развиете ритуали со чија помош секојдневно ќе се борите со самокритиките и ќе си ја храните самодовербата без воопшто да се трудите.
1. Внимателно разгледајте ги сите докази
Најчесто во моментите на самокритикување, ние не размислуваме трезвено туку целосно сме фокусирани на тоа што нашиот внатрешен критичар ни го зборува. Токму затоа и потребно е да направите еден чекор наназад и објективно да ги разгледате сите услови и околности што довеле до исходот со кој во моментот се соочувате. Тргнете го гризењето на совеста на страна и испитајте ги двете страни од приказната – и вашето гледиште и тоа на критичарот. Кога ова ќе ви премине во навика, вие ќе имате пореална слика за тоа што се случува околу вас и нема толку лесно да паѓате под влијание на неоправданата самокритика.
2. Прифатете ги своите маани
Постои голема разлика помеѓу изјавата „Не сум доволно добар/добра“ и „Има простор за напредок“. Иако е потребна мала доза критики за да се одржувате на правиот пат, сепак потребно е и да бидете оптимистични за своите слаби страни исто како што сте и за силните. Мааните ви овозможуваат простор за растење и нови насоки за движење што сигурно не би сте ги ни помислиле доколку не ги содржевте овие послаби страни во себе.
3. Посветете внимание на вашите мисли
Најважната и највозбудливата врска е онаа што ја имаме со самите себе. Ако на ова го додадеме и фактот дека секојдневно процесираме повеќе од 60.000 различни мисли, не можеме да не заклучиме дека е многу важно тоа што си го зборуваме. Токму затоа и секогаш кога ќе имате време, обидете се да станете свесни за мислите што ви се вртат низ глава. Обидете се и да ги препознаете негативните обрасци на однесување и полека да ги менувате во позитивни. Како да почнете? Пронајдете активност што успешно ќе ве оттргне од негативните мисли!
Прочитајте ги и овие 15 работи што луѓето кои имаат висока самодоверба никогаш не ги прават!