9 паразити што можеби веќе живеат во вашето тело

9 паразити што можеби веќе живеат во вашето тело

Паразит е организам кој живее на друг организам и се храни од него. Сигурно имате слушнато многу хорор приказни за огромни глисти кои само го зголемуваат вашиот страв. Можеби и ќе ве вознемири фактот дека паразитите се една од најчестата животна форма на Земјата. Токму затоа и решивме да ги споделиме најчестите паразити што се населуваат во човечкото тело и симптомите што укажуваат на нивното постоење…

1. Трихуријаза

9 паразити што можеби веќе живеат во вашето тело

Иако изгледаат слатко на илустрацијата, не сакате да го делите телото со овие црви. Околу 576 до 740 милиони луѓе низ целиот свет се инфицирани од овие црви. Тие живеат во цревата пред нивните јајца да бидат исфрлени преку изметот. Јајцата кои се претвораат во ларви може да навлезат преку човечката кожа, па циклусот почнува одново. Повеќето симптоми се незабележливи, но ако сте инфицирани подолго време, тоа може да резултира со губење крв и анемија.

2. Шуга

9 паразити што можеби веќе живеат во вашето тело

Овие паразити се населуваат на површината на вашето тело. Тие се сместуваат под горниот дел од кожата каде што живеат, се хранат и предизвикуваат чешање. Може да се пренесат од кожа на кожа, а често и преку инфицирани предмети, како облека или постелнина. Чешањето може да предизвика емоционален и физички стрес, но овие паразити се отстрануваат лесно со помош на дерматолог.

3. Цевчести црви

9 паразити што можеби веќе живеат во вашето тело

И овој вид паразити живеат во цревата. Најчесто луѓето се инфицираат од почва во која има ларви од црвите. Штом ќе се најдат во вашите црева, тие може да пораснат од 1 милиметар, па сè до 1 метар. Некои симптоми на инфекцијата се кашлање, плитко дишење, болка во стомакот, крвава столица, слабеење или наоѓање црв ако повратите.

4. Сплескани црви

9 паразити што можеби веќе живеат во вашето тело

Овие црви живеат во тропска клима каде што може да инфицираат над 200 милиони луѓе. Инфекцијата резултира со болест наречена шистозомијаза. Оваа болест предизвикува треска, болка во стомакот, крвава дијареја, а може да предизвика и сериозни проблеми кај бремените жени. И овој паразит навлегува преку кожата.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар