Неверојатна средба помеѓу највисокиот човек и најниската жена на светот
Највисокиот човек и најниската жена на светот се сретнале и се дружеле во Каиро, Египет за време на викендот. Султан Косен, 34, е висок неверојатни 2,51 метри, а Џијоти Амге, 24, е висока само 60 сантиметри.
Косен и Амге биле поканети во Каиро со цел да се промовира туризмот во главниот град на Египет.
Косен е фармер од Турција и го држи рекордот за највисокиот човек од февруари 2011-та година. Исто така го држи рекордот и за најголеми дланки – 28,5 сантиметри од зглобот до врвот на средниот прст. Висината на Косен е последица од хипофизен гигантизам, нарушување каде што телото произведува премногу од хормонот за растење. Поради проблеми со ‘рбетот, Косен користи патерици за одење. Во 2010-та година имал успешна операција за отстранување на тумор од хипофизната жлезда со цел да престане неговото растење.
Амге, актерка од Индија, има еден вид џуџесто нарушување познато како ахондроплазма. Официјално била прогласена за најниската жена на 16-ти декември, 2011-та година, на нејзиниот 18-ти роденден. Својата прва голема улога ја добила во четвртата сезона од ТВ серијата „Американска хорор приказна“ (American Horror Story). Исто така се има појавувано и во неколку индиски реални телевизиски шоуа.
Ова е прва средба помеѓу рекордерите, а тие го опишале патувањето како остварување на сон.
Кога сме веќе кај рекордери, погледнете ги и најголемите секс рекорди.