Експертите предупредуваат дека хроничната несоница може да предизвика депресија. Луѓето кои страдаат од несоница може да се чувствуваат слабо и беспомошно во текот на денот, а често и стануваат повлечени и нервозни.rnrn
rn
Дефиниција за несоница
rnЕкспертите ја дефинираат несоницата како тешко заспивање, лошо спиење или повторно заспивање при рано будење барем три ноќи неделно во период од најмалку еден месец.rnrnНесоницата ја влошува депресијата, но и хроничната несоница може да создаде депресија. Луѓето кои имаат телесни нарушувања или оние кои моментално се под силен стрес често имаат симптоми на несоница.rn
После колку време станува хронично?
rnПроблемот се смета за хроничен ако потрае неколку месеци, па дури и една година. Првиот лек е хигиената на спиењето, што значи одржување редовен распоред на легнување во кревет. Важно е и околината во која спиете да биде удобна и релаксирана.rnrnТоа се претежно совети кои помагаат доколку сте дисциплинирани најмалку една или две недели. На поголемиот дел од луѓето тоа им помага при заспивањето. На оние кои нема да им помогне, се препорачуваат лекови и психотерапија.rnrnОние кои имаат проблеми со несоницата можат да ја искористат и музиката како лек, која помага во решавањето на овој проблем.