КАФЕ ПАУЗА

Совети за луѓето со низок притисок

Совети за луѓето со низок притисок

Многу луѓе патат од низок притисок, особено жените. Кај жените, тој може да го наруши менструалниот циклус, а кај мажите понекогаш може да доведе до импотенција. Нискиот притисок е променлив дури и кај здравите луѓе во зависност од влијанието на надворешните фактори, физичкиот напор, психичкиот стрес, како и од проблемите со вените, нивната состојба и еластичност, од јачината на срцето, функцијата на бубрезите и надбубрежните жлезди, како и од функцијата на тироидната жлезда.rnrnСовети за луѓето со низок притисокrnrnЗа низок притисок или хипотензија, се смета оној кој е понизок од 100/60, измерен повеќе пати.rnrnЛуѓето со низок притисок лесно се уморуваат, брзо ја губат енергијата, неретко патат од главоболка a повремено и од несвестица, имаат променливо расположение, честопати имаат болки во мускулите и подобро се чувствуваат кога времето е студено.rnrnВо деновите кога времето е потопло, притисокот опаѓа, а кога е ладно притисокот во телото расте, но сето тоа се менува многу дискретно и организмот тоа добро го поднесува доколку климатските промени не се преголеми и ненадејни.rnrnНискиот крвен притисок, наспроти наведените симптоми, не претставува закана по здравјето. Воедно, организмот се адаптира на одредениот крвен притисок, па на овие луѓе 90/60 им е нормален притисок, со кој можат нормално да функционираат.rnrnНискиот притисок не доведува до инфаркт или мозочен удар, како што е случајот кај хипертоничарите, па затоа се вели дека луѓето со низок притисок живеат долго и полошо. Сепак, нискиот притисок се смета за „подобар“ од високиот. Спортистите и луѓето кои често вежбаат имаат низок притисок, бидејќи зголемениот физички напор го смалува притисокот.rnrnСовети за луѓето со низок притисокrn

Совети:

rn

    rn011

  • Доколку имате низок притисок морате секојдневно да внесувате доволно количество вода во организмот, односно 30 мл на еден килограм телесна тежина, како и сол бидејќи таа се поврзува со водата и го зголемува волуменот на крвта којашто циркулира.
  • rn011

  • Луѓето со крвен притисок мораат да спијат по 8 часа дневно, бидејќи потребата за сон кај лицата со низок притисок е поголема, отколку кај другите луѓе.
  • rn011

  • Треба да консумираат полесно сварлива храна, да избегнуваат алкохол и жештини и простории во кои има многу луѓе. Исто така треба секојдневно да се бават со некаква физичка активност.
  • rn011

  • Со кафето треба да бидете внимателни, односно да не пиете повеќе од 2-3 шолји, бидејќи кафето на почетокот го покрева притисокот, но подоцна го снижува исто како диуретиците.
  • rn011

  • Понекогаш, наизменичното туширање со топла и ладна вода, може да помогне околу кревањето на притисокот.
  • rn


rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.