6 хранливи додатоци за детоксикација

Сподели

Доколку се чувствувате виновно заради нарушувањето на вашата диета, не грижете се бидејќи брзо можете да се вратите на правиот пат. Неколку видови храна можат да ви помогнат побрзо да ги исфрлите токсините од телото и да не чувствувате напади од глад кои можат да бидат резултат на прејадување со шеќер, нездрави јаглехидрати и секаков вид брза храна.

Реклама

Ќе бидат потребни неколку денови за телото да се привикне на старо-новиот режим, но доколку вие помогнете со внимателно одбирање на храната во текот на тие денови, набрзо грешката може да биде поправена. Ова се шест видови храна кои можат да ви бидат од голема корист.

Боровинки

rnБоровинките со полни со антиоксиданси и содржат голема количина на растителни влакна. Тие ќе ви помогнат да си го одржите дигестивниот систем во полна брзина, а на телото ќе му ги дадат потребните витамини и минерали. После нарушувањето на исхраната, можете да почнете со шејк од боровинки и јогурт со ниска масленост.rn

Спанаќ

rnНаместо да правите мешана или зелена салата за детоксикација, пробајте да употребите свежи листови од спанаќ. Листовите спанаќ содржат железо и се богати со минерали и антиоксиданси. Тие се исто така добар извор на растителни влакна и ќе ви помогнат да го прочистите вашиот систем додека го обновувате вашето тело со хранливи материи.rn

Јаболка

rnТие се одличен додаток во која било исхрана за детоксикација. Кората од јаболката содржи голем број минерали, природни шеќери и растителни влакна. Едно јаболко дневно во комбинација со некој извор на протеини, претставува одлична ужина во оваа фаза на чистење на организмот.rn

Аспарагус

rnАспарагусот е природен диуретик и може да помогне да се намали подуеноста на стомакот после прејадувањето со нездрава храна. Додадете варен аспарагус во вашата свежа салата или јадете го како додаток во кој било оброк.rn

Пиперки

rnЦрвени, зелени или жолти, воопшто не е важно, бидејќи сите пиперки се полни со антиоксиданси, минерали и многу витамини. Тие можат да бидат одличен додаток во вашето дневно мени за време на фазата на чистење на организмот. Исто така, тие имаат многу мал број калории и можат да го направат оброкот многу побогат. Можете да ги јадете свежи и печени.rn

Лимони

rnНема потреба директно да отидете на некоја луда диета базирана на лимонов сок за да направите комплетна детоксикација. Тие се одличен додаток во вашата исхрана и содржат витамин Ц. Препорачливо е лимоновиот сок да го пиете помешан со топла вода кога ќе станете од спиење.rn———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира