На 30-тиот фестивал на снегот и мразот во Харбин работеле 10.000 работници, а ледените креации се распространуваат на површина од 600.000 метри квадратни.rnrn
rnrnВештите раце на уметниците секоја година создаваат зимска бајка во градот, а оваа година, по повод обележувањето на годишнината, особено има што да се види. Направени се снежни реплики на Емпајр стејт билдинг, Римскиот Колосеум итн.rnrnПросечната температура во градот во овој период од годината изнесува -30 степени Целзиусови. За изградбата на скулптурите се зема мраз од околните реки, а оваа година се употребени 180.000 метри кубни мраз и 150.000 кубни метри снег.rnrn
rnrnОвој фестивал првпат се одржал во 1963, но често бил прекинуван поради разни настани како Културната револуција, и бил повторно воспоставен во 1985. Тој спаѓа во топ четирите ледени фестивали во светот.rnrnЗапочнува во средината на декември, но официјалното отворање обично се случува на 5 јануари следната година. Фестивалот вклучува многу интересни случувања и активности како: снежен карневал, натпревари во снежни скулптури, светлосни шоу-забави, лизгање, санкање, хокеј на мраз, фудбал на мраз, скијање, пливање, рибарење, артистичко филмско шоу, ликовни и калиграфски изложби, танцување, пеење, свадбени церемонии и уште многу други активности.rnrn
rnrnФестивалот секоја година го посетуваат околу 800.000 посетители, а годинава ќе биде отворен до крајот на февруари.rnrn
rnrn
Магичниот фестивал на снегот и мразот во кинескиот град Харбин
