Внимавате на исхраната, вежбате во теретана, сакате да постигнете идеална телесна тежина… Не уништувајте го целиот ваш труд и напор, заборавајќи ги оние нешта кои за миг ќе предизвикаат надуеност во пределот на стомакот.
rn
1. Рафиноза (храна со галактоза, фруктоза и глукоза)
rnТука спаѓаат следниве производи: зелка, проќељ, брокула, аспарагус и други зеленчуци и продукти со цели зрна. Овие предизвикуваат надуеност во стомакот само ако се јадат свежи, затоа прво згответе ги па потоа конзумирајте ги.rn
2. Лактоза
rnТука станува збор за продукти во кои има природни шеќери како млекото и млечните производи (павлака, јогурт, сладолед, сирење, кашкавал). Имајте на ум дека во млекото има поголемо количество лактоза отколку во сирењето, кашкавалот и јогуртот.rn
3. Сорбитол (шеќерен алкохол кој бавно се раствора во метаболизмот на човекот)
rnГо има во овошјата, вклучувајќи ги и јаболката, крушите, праските и сувите сливи.rn
4. Скроб
rnКомпир, пченка, ориз, леб, тестенини и храна направена од брашно. Освен што предизвикуваат подуеност, овие продукти предизивкуваат и гасови.rn
5. Продукти со комплексен состав од скроб и протеини (зрнеста храна)
rnПред употреба на продукти од овој тип, најдобро е да се потопат во вода неколку минути пред да почнат да се готват.rnrn——————————————————————————————————————————————————————–rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
