ТВ серија: Блек лајтнинг (Black Lightning)

ТВ серија: Блек лајтнинг (Black Lightning)

Пензиониран суперхерој станува одмаздник за правда

(1) tv-serija-blek-lajtning-black-lightning-www.kafepauza.mkГлавни улоги: Крес Вилијамс, Чајна Ем МекКлејн, Нафеса Вилијамс

Жанр: акција, драма, научна фантастика

Креатори: Салим Акил и Мара Брок Акил

Премиера: 16 јануари 2018

Број на сезони: 1

Времетраење: 45 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (2 гласа, просек: 6,00 од 10)
Loading...

 

Блек лајтнинг, односно Црна молња, е уште една ТВ серија со суперхерој што брзо ги освои љубителите на жанрот. Таа е сместена во универзумот на „CW“, односно неговата приказна ќе биде уште една нишка на веќе големиот свет познат како Ероуверзум (Arrowverse). Тука спаѓаат Ероу (Arrow), Флеш (The Flash), Супергрл (Supergirl) и Легендите на утрешнината (Legends of Tomorrow). Ако сте љубители на овие карактери, тогаш без сомнение ќе ви се допадне и овој.

(1) tv-serija-blek-lajtning-black-lightning-www.kafepauza.mk (2) tv-serija-blek-lajtning-black-lightning-www.kafepauza.mk

Блек лајтнинг ги има сите елементи на возбудлива приказна за суперхерои – карактер со неверојатни способности, блиски личности што тој ги обожава, закана за локалното население и диви сцени со тепање. Но, тоа не е сè. Под површината се крие и моќна приказна за семејството и правдата која ќе ви го задржи вниманието до самиот крај и ќе ве натера да сочувствувате со ликовите и настаните низ кои тие поминуваат.

(3) tv-serija-blek-lajtning-black-lightning-www.kafepauza.mk (4) tv-serija-blek-lajtning-black-lightning-www.kafepauza.mk

Крес Вилијамс ја толкува улогата на Џеферсон Пирс (Блек лајтнинт), кој не е вообразен тинејџер или богат размазен маж… Тој е образован директор на училиште, татко на две деца и столб на неговата заедница. Веќе звучи поразлично од суперхероите на коишто сме навикнати, се согласувате? Тој воведува нова и уникатна перспектива на овој жанр, па токму затоа и ви препорачувам да ѝ дадете шанса.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар