Мора да признаеме дека најдобриот начин да се наполните со енергија е да се наспиете. Но, понекогаш немате време за тоа. Кога ќе влезете во канцеларијата со полуотворени очи, добро е да ги знаете овие трикови што ќе ви помогнат да го преживеете денот пред вас.rnrn
rn
1. Не пијте премногу кафе или енергетски пијалаци
rnОвие пијалаци ви го зголемуваат нивото на енергија за кратко време, но потоа ќе се чувствувате уште поуморно. Уште полошо е што наредното утро ќе ви биде потешко да закрепнете.rn
2. Истуширајте се со жешка и студена вода
rnИстуширајте се со жешка, па со студена вода. Или ако не сте во можност, измијте си го лицето со студена вода. Овој класичен совет секогаш е корисен.rn
3. Внесете повеќе кислород
rnКислородот ќе го разбуди вашиот мозок. За да внесете повеќе кислород во мозокот, направете ја следнава вежба:rn
- rn011
- Легнете на подот или на некоја рамна површина.
- Ставете ја дланката на стомакот под вашите ребра. Ставете ја другата дланка на вашите гради.
- Вдишете длабоко со стомакот. Осигурете се дека вашите гради не се помрднуваат.
- Издишете од устата. Почувствувајте како ви се спушта стомакот и издишете го целиот воздух.
- Повторете ја вежбата 5 до 10 пати и ќе се чувствувате посвежо.
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
rn
4. Појадувајте сладолед
rnСладоледот навистина ќе го разбуди вашиот мозок. Причината за тоа не е шеќерот, туку ниската температура на сладоледот. Се разбира, овој метод не треба да ви стане навика.rn
5. Правете утрински вежби
rnНема потреба од цела серија вежбање. Доволно со 3-5 едноставни вежби за растегнување што ќе ве наполнат со енергија.rn
6. Направете си жешка купка со есенцијално масло од еукалиптус или бор
rnНеколку капки есенцијално масло со силен мирис и кратка, но жешка купка можат да направат чудо.rnrn
rn
7. Излезете надвор
rnАко не можете, барем отворете ги вашите прозорци за да внесете свеж воздух. Ако температурата надвор е пониска, веднаш ќе се чувствувате посвежо.rn
8. Направете план за денот
rnИ следете го тој план. Кога ќе ги запишете најважните обврски, нема да го мачите мозокот со вишок информации. На овој начин ќе се концентрирате на исполнување на обврските наместо на нивно помнење.rn
9. Консумирајте помалку бел шеќер
rnПокачувањето на шеќерот во крвта може да направи да се чувствувате уморно. Ако ви се јаде нешто благо, подобро одберете некое овошје.rnrn
rn
10. Осветлете ја просторијата
rnКога седите во темница, сосема природно е да ви се спие.rn
11. Дремнете 15-тина минути
rnНе секој може да си дозволи дремка. Но, ако сте доволно среќни, искористете го тоа. Со 15-тина минути можеби нема да бидете целосно свежи, но тоа е сосема доволно за да издржите до крајот на денот.rn
12. Користете силни ароми
rnЦитрусните овошја, каранфилчето, циметот и ѓумбирот се познати по тоа што го покачуваат нивото на енергија.rnrn
rn
13. Смејте се
rnИскреното смеење може да ве опушти и да ве натера да заборавите на проблемите. Неколку анегдоти или смешни видеа може да ви помогнат да се вратите на работа со повеќе енергија.rn
14. Допрете го горниот дел на непцето со јазикот
rnЧувството на скокоткање веднаш ќе го разбуди вашиот мозок.rn
15. Сменете ги чорапите
rnОва е најчудниот совет. Но, ако ги смените чорапите во текот на денот, ќе се чувствувате посвежо.rnrnПогледнете ги и овие совети за победување на попладневната поспаност без кофеин.
