Народни верувања: Што значи ако ве зачеша лакотот или прстите?

Народни верувања: Што значи ако ве зачеша лакотот или прстите?

Народните верувања се многу интересни и необични. Иако не постојат никакви научни докази за нив, многу луѓе сѐ уште веруваат во знаците што ни ги праќа нашето тело. Без разлика дали и вие сте дел од нив или пак мислите дека станува збор за измислици, убаво е да бидете запознаени со народната мудрост.

Народни верувања: Што значи ако ве зачеша лактот или прстите?

Веројатно сте слушнале за верувањето дека ако ве зачеша десната дланка, ќе дадете пари, а ако ве зачеша левата дланка, ќе добиете пари. Меѓутоа постојат уште верувања за слични ситуации! Ако ве зачеша десната дланка тоа може да значи дека наскоро ќе се ракувате со позната личност.

Доколку ве чеша левото уво, некој ве озборува. Ако ве зачеша десното, тогаш некој ве фали. Ако ве зачешаат табаните, ќе одите некаде. Ако ве зачеша левиот табан, ќе патувате некаде, а ако ве зачеша десниот, ништо од патувањето.

Јадежот во левиот лакот означува дека ве очекуваат возбудливи вести, а јадежот во десниот лакот предвидува тажни вести. Доколку ве зачешаат прстите, почнете да се подготвувате, бидејќи наскоро ќе се свршите или венчате.

Што мислите за овие верувања? Дали сметате дека постои некаква вистина во нив или пак служат само за забава?

Доколку ве интересираат овие работи, прочитајте ги следниве 10 народни верувања за привлекување пари.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар