КАФЕ ПАУЗА

Дознајте кои се 9-те навики на несреќните луѓе

Дознајте кои се 9-те навики на несреќните луѓе

Written by

in

,

Многу е лесно да почнете да верувате дека сте несреќни, но вистината е дека начинот на кој го поминувате времето може да го смени вашето расположение. Според науката, постојат неколку навики што сите несреќни луѓе ги имаат. Ако дознаете кои се тие, ќе можете да почнете да практикувате други активности што имаат спротивен ефект. Одредени навики ги хранат симптомите на тагата и време е да се ослободите од нив. Прочитајте кои се навиките на несреќните луѓе…rnrnДознајте кои се 9-те навики на несреќните луѓеrn

1. Не се активни

rnНесреќните луѓе немаат активен начин на живот, а тоа го зголемува ризикот од нарушено расположение. Постои голема веројатност дека ќе имате проблеми со анксиозност и депресија ако поголемиот дел од времето го поминувате седејќи или лежејќи. Некои истражувања потврдиле дека зголемената физичка активност е поврзана со подоброто ментално здравје, така што нема сомнеж дека вежбањето е многу важен дел од среќниот живот.rn

2. Не се социјализираат

rnКога несреќните луѓе не се расположени, многу им е тешко да соберат енергија за да се социјализираат. Меѓутоа ако ги одбегнувате луѓето и поминувате премногу време сами, со текот на времето може да станете многу несреќни. Социјалната изолација доведува до осаменост, а тоа е тесно поврзано со тагата. Постојат многу истражувања што докажале дека луѓето кои живеат изолирано се изложени на поголем ризик од депресија и други ментални нарушувања.rn

3. Учествуваат во негативни разговори

rnНесреќните луѓе честопати започнуваат караници и агресивни конфликти со другите. Некои истражувања покажале дека кај луѓето кои заземаат негативен став во секојдневните конверзации постојат поголеми шанси да станат депресивни. Учеството во агресивните конфликти предизвикува гнев, а гневот е знак на тага.rn

4. Многу се песимистични

rnНекои истражувања покажале дека најчесто го добиваме тоа што го очекуваме. Оптимистите добиваат попозитивни резултати, а песимистите најчесто се соочуваат со негативни последици. Песимизмот за иднината може да биде главната причина за појава на депресија.rn

5. Се фокусираат на негативните сеќавања

rnФокусот на негативните спомени доведува до чувства на тага, а кога сте тажни, уште повеќе се фокусирате на лошите сеќавања. На тој начин, вие дозволувате да ве надвладеат сите лоши работи што некогаш ви се случиле и тонете надолу. Но, ако одвоите време за да се сконцентрирате на позитивните работи, ќе можете да ги поттикнете позитивните емоции.rnrnДознајте кои се 9-те навики на несреќните луѓеrn

6. Не јадат здрава храна

rnАнксиозноста и депресијата честопати се поврзани со лошата исхрана. Намаленото јадење исто така може да влијае на менталното здравје и да доведе до негативни последици. Ако вашата исхрана се состои од процесирана храна и производи полни со шеќер, можеби тоа е причината за вашето лошо расположение.rn

7. Се фокусираат на материјалните работи

rnЛуѓето кои премногу ги ценат материјалните работи најчесто се депресивни и незадоволни од животот. На материјалистите им е многу потешко да бидат благодарни за она што го имаат, а тоа доведува до чувства на тага.rn

8. Мислат дека се жртви

rnНесреќните луѓе мислат дека немаат контрола врз нивните мисли и чувства. Меѓутоа, некои истражувања покажале дека можеме да ја промениме мозочната активност и навиките со свесен напор. Тажните поединци не сфаќаат дека ја имаат таа моќ и се препуштаат на милоста на нивното расположение и околностите.rn

9. Пијат премногу алкохол

rnМногу луѓе се опуштаат со чаша црвено вино по напорниот работен ден, но луѓето кои се несреќни претеруваат со алкохолот и другите психотропни супстанции. Не само што тажните луѓе пијат повеќе од останатите, туку и самото пиење алкохол може да ја наруши нивната мозочна активност и да доведе до депресија.rnrnЗа среќа, овој негативен циклус може да се прекине, ако станете свесни за овие навики и се обидете да се ослободите од нив. Доколку ви е премногу тешко да го сторите тоа самите, не заборавајте дека секогаш можете да побарате помош од вашите најблиски или пак да разговарате со терапевт.rnrnПрочитајте и за овие 6 работи кои ги прават несреќните луѓе.