Поголемиот дел од светот со прослави дочека нов почеток и нови одлуки со пријателите и семејството. Но, дали некогаш сте се запрашале зошто ја дочекуваме новата година баш на 1-ви јануари? Новата година е прв пат прославена на оваа дата во 45. година п.н.е. според Јулијанскиот календар.rnrn
rn
Јулијански календар
rn
„Во тој период, тогашниот римски календар имал само 10 месеци, па Нова година била на 1-ви март“, изјавил Мајкл Харт, политички, културен и историски коментатор и автор. „Древната Месопотамија го поставила концептот на оваа прослава околу 2.000 години пред раѓањето на Исус.“
rnВо март, Вавилонците ја следеле првата млада месечина која била следена од пролетната рамноденица. Тие ја прославувале Новата година со фестивал кој според историчарите бил наречен Акиту.rnrnНовиот датум, јануари 1-ви, бил воведен по Јулиј Цезар, кратко откако станал диктатор. Тој сметал дека традиционалниот римски календар имал потреба од голема промена. Календарот кој го користеле Римјаните бил претставен во 7-от век п.н.е. и имал 12 лунарни месеци од по 29 и 30 денови. Годината имала 355 денови.rnrnПред 45-та година п.н.е. римскиот календар бил злоупотребуван на тој начин што биле додавани денови за да се продолжи политичкото владеење на лидерот. Според историчарите, обидот календарот да го следи лунарниот циклус бил неуспешен бидејќи било потребно постојано коригирање. Следејќи го советот на астрономот од Александрија, Сосиген, Цезар се откажал од лунарниот циклус и почнал да ја следи соларната година, нешто што го правеле и Египќаните во тој период.rnrnЈулиј Цезар го направил календарот во 45. година п.н.е. Во Јулијанскиот календар, годината имала 365 денови, а Цезар му додал и еден ден плус на февруари на секои 4 години. Иако Јулијанскиот календар бил користен на многу места, некои сепак ги користеле март и септември за означување на Новата година. Во Средниот век, прославувањето на Нова година на 1-ви јануари престанало да се практикува.rn
„Според некои извори, Нова година се прославувало и на 25-ти декември и на 25-ти март. Но прославата била преместена на 1-ви јануари од папата Грегори XIII“, изјавил историчарот Никол Дерис.
rn
Грегоријански календар
rnrnВо 1570-тите, римската црква открила проблем со пресметките на Цезар и Сосиген. Грешката предизвикувала додавање 7 денови до 1000-тата година, и 10 денови до средината на 15-тиот век. За да го реши овој проблем, папата Грегори XIII предложил да се направи нов календар. Грегоријанскиот календар почнал да се употребува во 1582. година. Од календарот биле отстранети 10 денови, и бидејќи Јулијанскиот календар имал повеќе престапни години отколку што требало, папата Грегори поставил правило дека престапна ќе биде секоја 4-та година.rnrnЕвропските католички држави веднаш го прифатиле Грегоријанскиот календар, но некои држави и колонии, вклучувајќи ја Британија до 1752-ра и Русија до 1918-та година, продолжиле да го користат Јулијанскиот календар.rnrnБидејќи Грегоријанскиот календар се користи најмногу, поголемиот дел од светот ја прославува Нова година на 1-ви јануари. Сепак, постојат некои култури кои го прославуваат почетокот на новата година на други датуми.