Нови вкусови на Президент топено сирење (млечни намази)

Нови вкусови на Президент топено сирење (млечни намази) за сите што се во потрага по префинето кулинарско доживување

Фамилијата Президент лансираше пет нови вкусови на топено сирење (млечни намази) за сите љубители на топените сирења и кашкавали.

Нови вкусови на Президент топено сирење (млечни намази)

Новите вкусови на топени сирења (млечни намази) од Президент содржат балансирана количина на сол, имаат уникатно мазна текстура, кремави се и лесно се мачкаат.

Можете да одбирате помеѓу три групи на производи и тоа топен кашкавал направен од кашкавал-натур и со вкус на пица и оригано, потоа  крем-сирење класик и со вкус на лук и копар, направени од традиционално бело сирење и на крајот млечен намаз од павлака.

Свежината на новите топени сирења (млечни намази) ќе биде долго зачувана, благодарејќи на иновативното алу-фолио пакување и пластичното капаче што овозможува повторна употреба по првото отворање.

„Со желба да одговориме на потребите на современото живеење и на овој динамичен начин на живот, инспирација пронајдовме во неизоставниот елемент за правилна и балансирана исхрана – млечните продукти. Креиравме автентични и нутритивно богати вкусови, наменети за секој член од семејството и за сите оние што се во потрага по префинето кулинарско доживување“  – изјави претставник од Президент.

Овие нови производи, како што велат од Президент, направени се да ги размазат сетилата и на оние најпребирливите и претендираат да станат еден од омилените продукти во фрижидерот на секое домаќинство благодарејќи на врвниот квалитет и рецептурата која освојува уште при првиот вкус.

За повеќе информации во врска со новите производи посетете ја Фејсбук страницата на Президент Македонија.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар