Совршен спој на модерно и луксузно: Ова се трите најбогати земји во светот!

Совршен спој на модерно и луксузно: Ова се трите најбогати земји во светот!

Секоја година се објавува листа со најбогатите и најсиромашните земји во светот. Таа листа се формира врз основа на куповната моќ на населението, во споредба со курсевите во одредени земји и во релација со цените на различни добра.

1-sovrshen-spoj-na-moderno-bogato-i-luksuzno-ova-se-trite-najbogati-zemji-vo-svetot-www.kafepauza.mk_

И оваа година, првите три места ги заземаат едни од помалите држави кои продолжуваат со својата доминација.

3. Сингапур

2-sovrshen-spoj-na-moderno-bogato-i-luksuzno-ova-se-trite-najbogati-zemji-vo-svetot-www.kafepauza.mk_

Сингапур оваа година се најде на третото место. Овој микрокосмос на Азија е населен со Кинези, Малајци, Индијци и голем број странски државјани. Овој град овозможува многу нешта, како што е брилијантната локација за сите оние кои сакаат да се занимаваат со бизнис, бидејќи Сингапур покрива цел континент и е одлично место за живот и работа.

Богатиот град, во комбинација со модерните облакодери, со различни влијанија, со вкусната храна, со рестораните кои во голем број работат по 24 часа, со добриот шопинг и возбудливиот ноќен живот го прават одлична дестинација за туризам, како и за живот. Сепак, славната држава има и свои недостатоци, како што се доста строгите казни за најразлични работи или фактот дека овој град-држава со своите просечни 30 степени не е место во кое би можеле да живеат оние кои се навикнати на умерени температури и 4 годишни времиња.

2. Луксембург

3-sovrshen-spoj-na-moderno-bogato-i-luksuzno-ova-se-trite-najbogati-zemji-vo-svetot-www.kafepauza.mk_

Малиот Луксембург е на второто место на оваа листа. Минијатурната држава ја стекна својата популарност со својот голем и фантастичен развој. Тоа можеби е и заради специфичната положба, на раскрсница кој овозможила различните култури, влијанија и јазици да се измешаат создавајќи една сосема нова и единствена култура.

Необично позиционираниот град Луксембург остава впечаток дека се состои од две нивоа, повисоко и пониско. Преполн е со паркови кои се особено интересни во пролет и есен, а традиционалната кујна ќе ве остави без здив бидејќи изобилува со разновидни рустикални, вкусни и рафинирани јадења, во кои најмногу се чувствува влијанието на соседните земји: Германија, Франција и Белгија.

1. Катар

4-sovrshen-spoj-na-moderno-bogato-i-luksuzno-ova-se-trite-najbogati-zemji-vo-svetot-www.kafepauza.mk_

Со околу 14% од населението кои се милионери, Катар уште еднаш се здоби со титулата за најбогата земја во светот. Оваа релативно млада земја, која до пред триесеттина години била рибарско село во пустина, се разви неверојатно брзо. Безброј хотели, трговски центри и спортски хали се само дел од сето она што можете да го пронајдете во државата во која нафтата е поевтина од водата и која е синоним за сјај и луксуз.

Неколку специфичности посебно се издвојуваат, како на пример шопинг центарот Вилаџио што претставува совршена реплика на Венеција или вештачките острови кои ги гради владата, на кои странците купуваат станови со брзина на светлината. Една таква населба е Периа, во облик на школка со бисер во средината, исполнета со луксузни трговски центри, најмодерни солитери и прекрасни јахти.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар