КАФЕ ПАУЗА

Понекогаш сѐ што ви треба е шише вино и добро да се исплачете

Понекогаш се што ви треба е шише вино и добро да се исплачете

Written by

in

,

Кога животот станува премногу тежок, обично ги игнорираме нашите потреби. Секојдневно се соочуваме со рокови, родендени, премногу долго зборуваме на телефон со нашите пријатели и целосно ја запоставуваме љубовта и грижата кон себеси.rnrnПонекогаш се што ви треба е шише вино и добро да се исплачетеrnrnИако некои од нас можат да парадираат наоколу без да се истурат емоционално подолг период, без разлика колку сте зафатени, животот и сите тие непријатни чувства со тек на време ќе ве стигнат. И колку повеќе чекате, толку понепријатно ќе стане.rnrnСите ние сме луѓе и сите поминуваме низ тешки периоди. Завршуваме со скршено срце, но никому не кажуваме. Нашите чувства се повредени, но на луѓето им велиме дека сме добро. Ги игнорираме нашите негативни емоции затоа што не сакаме да ги разочараме луѓето и сакаме да продолжиме понатаму и да го заборавиме тажното поглавје од нашиот живот.rnrnИ тоа е нормално. Ни се чини дека ако поминеме цело попладне или цел ден само во фокусирање на себеси и во процесирање на работите, бесполезно ќе потрошиме многу време. Нашите распореди се пренатрупани и иако ни е тешко, најчесто одбираме да излеземе со пријателите и да одиме на некоја луда забава, наместо да поминеме една депресивна вечер сами дома.rnrnНо, ако одвреме-навреме си дозволиме да го правиме тоа, особено кога поминуваме низ раскинување или нешто слично, би можеле да се спасиме психичко кршење подоцна. Чувствата ќе најдат начин да избијат на површина, на еден или друг начин. Тоа обично се случува после неколку чашки алкохол. Алкохолот ја прави таа ужасно прекрасна работа и ја уништува секоја ронка од вашата гордост и почит.rnrnЉубовта кон себеси обично се смета за убав и деликатен процес во кој девојката ужива во бања полна со ливчиња од ружа или пишува креативни дневници во кои ги искажува нејзините внатрешни, скриени мисли и веднаш потоа магично се ослободува од сите потиснати емоции. Во реалноста, тоа не е баш така.rnrnПонекогаш се што ви треба е шише вино и добро да се исплачетеrnrnНа крајот на краиштата, воопшто не е важно како ќе се сакате себеси. Се работи за акција која морате да ја преземете за да се ослободите од сите тие потешкотии кои се собирале во вас, пред тие самите да излезат. Тоа воопшто не е забавно, но е многу подобро од тоа да се надевате дека емоционалното празнење нема да се случи на работа пред вашиот шеф.rnrnИако можеби е подобро да се обидете со пишување дневник, терапија или некој друг трезен метод да допрете до вашите емоции, понекогаш шишето вино во близок круг на пријатели кои нема да ве осудуваат кога ќе се исплачете, може навистина да направи да се чувствувате подобро.rnrnАко останете намуртени долго време и не водите грижа за себе, вашата мотивација ќе биде на многу ниско ниво.rnrnБез разлика дали вашето процесирање на чувствата ќе го направите со помош на пенкало и лист хартија, релаксирачка бања или голема чаша добро вино, обидете се да најдете време за тоа ослободувачко искуство.rnrnПосветете си една вечер само на себеси и на тој начин ќе успеете да го завршите тоа тажно поглавје од вашиот живот и да преминете на следното.