КАФЕ ПАУЗА

Како анксиозноста влијае на вашето физичко здравје?

Како анксиозноста влијае на вашето физичко здравје?

Секој физички симптом може да укажува на голем број различни здравствени проблеми. Но, постои еден проблем со најразновидни симптоми, а тоа е анксиозноста. Многу болести што се чинат физички, може да потекнуваат од оваа емоционална состојба. Телото и умот се поврзани. Сепак, умот е дел од телото.rnrnКако анксиозноста влијае на вашето физичко здравје?rnrnФизичките проблеми честопати се испреплетуваат со емоционалните. Се плашите дека вашите болки во стомакот ќе се претворат во гласно мрморење на деловниот состанок, се грижите дека главоболката нема да ви дозволите да се сконцентрирате за време на некоја важна презентација, се плашите дека болките во грбот ќе ви го направат летањето со авион уште понеподносливо. Вашата загриженост може да ги влоши сите овие симптоми, така што невозможно е да знаете дали постои физичка причина за нив, без да побарате лекарска помош.rnrnСепак, постои голема веројатност дека физичките проблеми потекнуваат од психичките. Ако страдате од анксиозност, ова се здравствените проблеми со кои можеби ќе се соочите…rn

Несоница

rnКога не можеме да заспиеме навечер, тоа најчесто се случува затоа што се грижиме. Лежите во кревет и размислувате за тоа колку уморни ќе бидете наредниот ден и колку лошо ќе ви влијае недостатокот на сон. Ако имате проблеми со спиењето, обидете се сетите дека анксиозноста е можеби главниот виновник за тоа. Самото одморање во кревет, дури и да не можете да заспиете, има позитивно влијание на телото. Колку помалку се грижите за вашето заспивање вечерта, толку подобро ќе ви влијае одморот и ќе имате поголеми шанси да потонете во длабок сон.rn

Акни

rnАнксиозноста го поттикнува телото да произведува хормони наречени андрогени. Тоа може да предизвика акни на вашето лице и на грбот. Еден од знаците дека анксиозноста е причината за вашето исфрлање е доколку забележите појава на акни во екстремно стресни ситуации.rn

Болки во мускулите

rnАнксиозноста може да ви го напне телото, што доведува до болки во мускулите и исцрпеност. Нареден пат кога ќе бидете нервозни, обрнете внимание на вашето тело. Ако ги грчите мускулите, тоа можие да е изворот на вашата болка.rnrnКако анксиозноста влијае на вашето физичко здравје?rn

Разболување

rnСтресот го ослабнува имунолошкиот систем, па ако многу често се разболувате, анксиозноста може да е причината за тоа. Преземањето многу работни обврски одеднаш можеби ќе ви се исплати во моментот, но тоа може да предизвика спротивен ефект со текот на времето, бидејќи ќе мора да земете повеќе денови за боледување.rn

Хроничен умор

rnАнксиозноста може да доведе до исцрпеност ако страдате од несоница, но може да се чувствувате изморено дури и да спиете доволно. Можеби се будите среде ноќ, а не се сеќавате на тоа, поради што нема да се чувствувате одморено и наспано наредниот ден.rn

Хипогликемија

rnАнксиозноста може да го намали шеќерот во крвта и да ги имитира симптомите на хипогликемија, како што се треперење, исцрпеност и нервоза.rn

Проблеми со дигестивниот систем

rnАнксиозноста ја зголемува чувствителноста на нервите, па затоа може да ја попречи дигестијата на повеќе начини и да предизвика тврда столица, дијареја и подуеност. Некои симптоми на анксиозност имитираат симптоми на синдром на иритабилно црево и гастроентеритис.rnrnПред да донесете избрзан заклучок дека сте анксиозни, појдете на доктор за да ве прегледа и да ви потврди дека проблемите не се физички. Само откако ќе бидете сигурни дека сѐ е во ред со вашето физичко здравје, ќе можете да ја истражувате вашата ментална состојба.rnrnВо продолжение, дознајте ја разликата помеѓу анксиозност и паничен напад.