8 знаци дека мора да посетите дерматолог

8 знаци дека мора да посетите дерматолог

Нашата кожа е склона на промени, како заради разни надворешни влијанија, така и заради стареењето. Меѓутоа, некои промени на кожата може да бидат аларм за посета на дерматолог. Погледнете кои состојби на кожата се причина за загриженост.

1-8-znaci-deka-mora-da-posetite-dermatolog-www.kafepauza.mk_

1. Имате осип кој трае повеќе од една недела

Ако на кој било дел од кожата имате осип кој ве чеша и трае повеќе од една недела, задолжително побарајте помош од вашиот доктор.

2. Имате црвени дамки на телото

Црвените дамки кои се појавуваат на лицето и вратот може да бидат поврзани со стресот, со одредена алергиска реакција или пак со осипот кој го имате. Без разлика на причината, посетете дерматолог, особено доколку дамките се шират.

3. Вашата кожа е пречувствителна

Ако имате проблем да го пронајдете вистинскиот производ за нега на вашата кожа, тогаш задолжително посетете дерматолог кој ќе ви препише соодветен производ.

2-8-znaci-deka-mora-da-posetite-dermatolog-www.kafepauza.mk_

4. Вашата кожа одеднаш е полна со мозолчиња

Ако отсекогаш сте имале чиста кожа, а одеднаш забележите дека имате многу мозолчиња, проверете ги кај дерматолог. Акните како нарушување во работата на лојните жлезди не се само естетски, туку и здравствен проблем.

5. Вашите акни не се подобруваат

Ако безуспешно ги лекувате вашите акни, прашајте го вашиот доктор дали може да ви препише некоја нова крема или лек. Акните може целосно да се излечат, но само со соодветен третман и упорност.

6. Не сте сигурни дали вашите акни се „само“ акни

Можеби е во прашање алергија за која сметате дека се акни или станува збор за инфекција која е малку потешка за лекување. Ако се сомневате дека е нешто повеќе од акна и вашиот производ кој го употребувате за лекување не делува на нив, тогаш посетете дерматолог. Запомнете дека кожата е еден од најдобрите показатели на целокупната здравствена состојба.

3-8-znaci-deka-mora-da-posetite-dermatolog-www.kafepauza.mk_

7. Имате изгореница на телото која не поминува

Зависно од степенот на оштетување, изгорениците може да бидат следени од бројни потенцијални компликации. Но, ако се лекуваат правилно за неколку дена изгореницата би требало да заздрави. Ако тоа не се случува со вас, задолжително посетете доктор.

8. Губите премногу коса

Необјаснетото, одеднаш и изразено опаѓање на косата може да биде загрижувачки. Ако не сте под стрес или не сте промениле ништо во вашата рутина за нега на косата, а сепак ја губите, немојте да чекате да стане уште полошо. Ако се сомневате дека нешто не е во ред, посетете дерматолог кој ќе ви ја прегледа косата и ќе открие во што е проблемот.

Бидејќи нашата кожа трпи промени и заради стареењето, погледнете каков режим на исхрана предлагаат дерматолозите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар