КАФЕ ПАУЗА

Зошто некои луѓе постојано се неодлучни?

Written by

in

,

Животот е полн со избори – некои тешки, некои полесни. Но секој ден е составен од серија избори кои треба да ги направиме како дел од тоа што сме возрасни личности. Секој избор има и последица, а одговорноста за некој исход понекогаш е премногу. Па, зошто некои луѓе донесуваат одлуки полесно, додека некои изгледаат како цел живот да се неодлучни?rnrnzoshto-nekoi-lugje-postojano-se-neodluchni-kafepauza.mkrn

Знаци за неодлучност

rnНеодлучните луѓе имаат карактеристики кои се препознатливи. Овие луѓе најчесто изгледаат нервозно и загрижено. Ако не сте опремени со потребните алатки за донесување одлуки, како што е препознавање на факторите, сумирање на позитивните и негативните работи и слично, ова може да резултира со серија анксиозни мисли. Можеби си поставувате некое од следните прашања:rn

    rn011

  • Дали премногу се грижам кога сум соочен/а со одлука?
  • rn011

  • Дали се препотувам за малите работи?
  • rn011

  • Дали сум нервозен/на кога треба да одлучам нешто?
  • rn011

  • Дали помислата или одговорноста ме прават анксиозен/на?
  • rn

rnОдговарањето на овие прашања може да ви покаже каде се наоѓате во овој спектар на неодлучност. Штом ќе разберете како се чувствувате, можете да почнете со справување со вашиот страв.rn

Неодлучноста е поврзана со ниската самодоверба

rnЕкспертите велат дека една од главните причини за неодлучност е ниската самодоверба. Тие исто така тврдат и дека неодлучноста е еден вид анксиозност која се влошува со текот на времето. А ова влијае на способноста за донесување одлуки. Самодовербата е нешто со кое секој од нас се справува. Можеби сте имале непријатно искуство додека сте биле млади, па ова резултирало со срам. Срамот може да биде многу моќен ако му дозволите и може да управува со вашите избори. Ако останете неодлучни, вашата самодоверба само ќе се намалува, па дури постои и опасност од појава на депресија или анксиозно нарушување.rn

Справување со неодлучноста

rnДелувањето е клучно – секоја одлука е добра одлука. Кога ќе почнете да преземате ризици ќе почнете и да си верувате. Запомнете, одлуките не треба секогаш да бидат правилни. Секој од нас греши, но изборот кој го имаме е она што е добро. Овие совети може да ви помогнат:rn

    rn011

  • Зборувајте си позитивно. Вдишете длабоко, бидете добри кон себе, разгледајте ги сите можности и донесете ја одлуката.
  • rn011

  • Научете малку повеќе за одлучноста.
  • rn011

  • Разгледајте ги факторите, пристапете им на изборите логично.
  • rn011

  • Заменете ги негативните мисли со позитивни. Запомнете дека негативното мислење не е од помош.
  • rn011

  • Бидете различни. Ранливоста не е слабост. Срамот не може да биде ваш владетел. Преземете ја контролата и вие поставете ги правилата во вашиот живот!
  • rn

rnПогледнете и како неодлучноста го прави вашиот живот потежок.