Избегнувањето на несаканите килограми само по себе претставува голем предизвик, а „проблемот“ станува уште поинтензивен во текот на бременоста. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да се храните здраво во бременоста, за да ја одржите идеалната телесна тежина, а со самото тоа полесно да се породите и полесно да ги отстраните постпородилните килограми.
rn
1. Размислувајте однапред
rnСпоред истражувањата, вашата тежина пред бременоста ќе ви помогне да утврдите отприлика колку килограми ќе качите.rn
- rn011
- Природна тежина – до 17 килограми
- Спортска градба – до 13 килограми
- Прекумерна телесна тежина – до 9 килограми
rn011
rn011
rn
rn
2. Исклучоци
rnНа идните мајки кои носат близнаци, тројка и слично, дозволено им е качување поголем број килограми во текот на бременоста. Меѓутоа, за тежината и во таквите случаи да остане во границите на нормалното, најдобро е да се посоветувате со личниот доктор.rn
3. Внесување непотребни калории во организмот
rnПовеќето бремени жени претеруваат со количината внесени калории на дневно ниво, така што бројките ја преминуваат границата за околу 10%. Избегнувањето на класичната брза храна е секако најдобриот пат при одржување балансирана телесна тежина. Обидете се во вашата исхрана да вклучите производи како нискокалорично млеко, леб од цело зрно, природно цеден сок и слично.rn
4. Предупредување
rnНе се препорачува консумирање алкохол, како и некои специфични типови рибино месо – сите овие информации мора да ги добиете од вашиот доктор. Доколку можете, целосно избегнувајте риба во текот на бременоста, но ако имате потреба од неа, одлучете се за лосос или туна.
Со помош на лесни физички вежби можете да ја одржите здравата тежина во текот на бременоста, а со помош на овој водич ќе откриете и што треба да правите, а што да одбегнувате во секоја фаза од бременоста.

