Врските на далечина не се за сите. Оние кои пробале сигурно се свесни колку е тешко да се одржи една таква врска. Не секој хороскопски знак може да се справи со оваа далечина. Погледнете кои знаци не можат да ги поднесат овие врски.rnrn
rn
Близнаци
rnНема ништо лошо во тоа што не можете да издржите. Голема е веројатноста да завршите со скршено срце. Близнаците имаат потреба од внимание кога се врска, а далечината не може да им го овозможи тоа. Тие постојано ќе бараат внимание од партнерот, а тоа нема да функционира. Се разбира, денес возможно е постојано да бидете во контакт со партнерот, но вам ви се потребни прегратки и бакнежи. Бидејќи врските на далечина бараат голема посветеност, голема е веројатноста Близнаците да си најдат некој друг додека партнерот не е со нив. Како што рековме, потребно им е постојано внимание.rn
Вага
rnФлертувањето им предизвикува неволји на Вагите, а тие пак обожуваат да флертуваат. Ова е една од причините зошто им е толку тешко на Вагите да бидат во врска на далечина. Тие мразат да бидат сами, а врската на далечина им го прави токму тоа. Како и Близнаците, така и Вагите бараат постојано внимание, па голема е веројатноста да си пронајдат и некој друг кој е во близина. Тешко е да им верувате на Вагите, а истовремено тие се и многу љубоморни. Тие со задоволство би флертувале, но навистина ќе им пречи ако и партнерот го прави тоа.rn
Лав
rnВрските на далечина никогаш не завршуваат убаво за Лавовите. Тие бараат внимание и нема да бидат среќни ако не го добиваат. Тие сакаат да се фалат пред својот партнер, да бидат разгалени, а врската на далечина не го овозможува ова. Лавовите можат навистина да полудат во ваква врска.rn
Скорпија
rnМожеби мислите дека Скорпиите можат да ја издржат далечината, но воопшто не е така. Тие се многу страсни со своите партнери, но кога едниот живее многу далеку, нема каде да ја покажат оваа страст. Ова е навистина тешко за Скорпиите бидејќи тие имаат проблем со искажувањето на нивните чувства преку зборови. Многу им е полесно физички да ја покажат својата љубов, па врската на далечина дефинитивно не е за нив.rnrnДознајте и кој хороскопски знак е вашиот најголем непријател.