Некои личности едноставно се предодредени да бидат харизматични. Но, тоа не значи дека не можете да научите како да бидете најхаризматичната личност во друштвото. Според Оливија Фокс, автор на делото „Митот за харизмата: Како да ја усовршите уметноста на личната привлечност?“, харизмата е резултат на специфично невербално однесување. Затоа еве неколку совети кои ќе ви помогнат да станете похаризматични. rnrn
rn
Бидете исправени
rnСпречете го подгрбувањето на тој начин што ќе стоите или ќе седите исправено. Подгрбавените луѓе изгледаат мали и затворени. Наместо тоа, исправете се така што ќе ги зафрлите рамењата наназад. Истражувањата велат дека овој познат „суперхеројски став“ го намалува кортизолот (хормон на стресот), а го зголемува количеството на тестостеронот, хормон кој се поврзува со моќта и силата.rnrn
Истакнете се
rnЕве неколку практични совети кои ќе ја зголемат вашата харизма при конверзација. Намалете ја интонацијата на гласот на крајот од реченицата. Зборувајте полека, повремено кимнувајте со главата и почекајте две секунди пред да одговорите. Не заборавајте да се насмевнете додека зборувате затоа што така звучите пољубезно. rnrn
rn
Слушајте
rnВнимателно слушајте кога некој зборува. На тој начин покажувате дека сте навистина присутни и дека сте заинтересирани за она за што се зборува. За да ја подобрите вештината на внимателно слушање, секојдневно практикувајте медитација. Денес сè помалку луѓе знаат да слушаат внимателно, па затоа дури и минималниот труд може да направи голема разлика.rnrn
Воспоставете контакт со очите
rnКонтактот со очите е многу важна компонента на харизмата. Присутноста не се покажува само со внимателно слушање, туку и со воспоставување контакт со очите. Се препорачува контактот со очите да трае најмногу три секунди по завршувањето на разговорот. Но, бидете внимателни! Вашиот поглед не треба да биде студен и напнат, туку топол и опуштен. rnrn
rn
Копирајте
rnЛуѓето се чувствуваат најпријатно кога се во присуство на оние кои се слични на нив. Ваквата сличност се однесува и на изгледот, но и на однесувањето. Затоа имитирајте го туѓиот говор на телото. Тоа ќе предизвика чувство на доверба.rnrn
Бидете ранливи
rnДа се биде харизматичен не значи да се биде постојано силен и наметлив. Откривањето на некоја ваша слабост или споделувањето на некоја засрамувачка случка може да поттикне чувството на поврзаност помеѓу вас и другите. Сè на сè, луѓето сакаат тајни.rnrn
Имајте визија
rnАко се чувствувате нервозни во одредена ситуација, обидете се да си замислите дека прегрнувате некој кој многу го сакате. Истражувањата покажале дека фантазирањето за топла прегратка ослободува поголемо количество на окситоцин (невропептид кој го спречува стресот). rnrn
