Планетата Земја е фантастична и навистина сме сведоци за тоа дека природата е моќна и дека создава вистински ремек-дела. Неверојатни пејзажи и преубави места од кои едноставно ни застанува здивот. Но, климатските промени, вулканските ерупции, ураганите, па и луѓето доведуваат до катаклизма и уништување на градовите, државите и островите. Дека природата може да биде и тоа како сурова јасно ни докажуваат овие природни чуда кои ги паметиме, а кои повеќе не постојат.
rn
1. Плажата Каима на Хаваи
rnПлажата со црн песок секоја година привлекувала илјадници туристи од сите страни на светот, сѐ додека во почетокот на 20-тиот век била збришана од вулканска ерупција.
rn
2. Соломонските острови
rnЗаради климатските промени исчезнале пет острови од групата на Соломонските острови, а наскоро и Малдиви и Тавала може да ја доживеат истата судбина.
rn
3. Плажата Лагзира во Мароко
rnСводовите од црвени камења со децении ги воодушевувале туристите сѐ додека еден од двата свода не се срушил.
rn
4. Ледениот гребен Ларсен Ц на Антарктикот
rnИако Антарктикот е царство на мразот и вечната зима, нема сомнеж дека љубителите на авантурите ги привлекува како магнет. Но, за жал, овој гребен повеќе не постои откако леден брег тежок 1.000 милијарди тони се одвоил од ледениот гребен Ларсен Ц.
rn
5. Азурниот прозорец на Малта
rnМожеби и главната туристичка атракција на Малта исчезнала откако ја погодила силна бура. Природата знае да биде навистина сурова, а честопати во ваквите катастрофи страда и локалното население.
rn
6. Дрвото тунел, Калифорнија
rnВо голема бура настрадало илјадници години старо стебло. За жал, тоа не го издржало силното невреме.
rn
7. Дрвото во Тенере, Нигерија
rnОва дрво важело за најизолираното стебло на светот, а единствено тоа успевало да преживее во суровата Сахара, сѐ додека во 1973 година не го срушило пијан возач на камион од Либија.
rn
8. Камењата Мукуроб во Намибија
rnИмето во превод значи „Прст божји“. Тие се срушиле на 4 декември 1988 година.
rn
9. Националниот парк 12 апостоли во Австралија
rnЗа жал, виновен е човечки фактор за исчезнување на ова ремек-дело од природата. Последниот апостол се срушил во 2005 година пред очите на туристите кои сакале да го фотографираат.
rn
10. Старецот од планината во Њу Хемпшир
rnТаинствен профил, кој бил познат и како Големо камено лице, повеќе не потсетува на Старецот од планината бидејќи се срушил на 3 мај, 2003 година.
Мајката природа е најдобриот креатор што може да постои, а најдобар доказ за тоа се овие неверојатни оптички илузии создадени од природата.

