ТВ серија: Добриот доктор (The Good Doctor)

ТВ серија: Добриот доктор (The Good Doctor)

Шон Марфи, млад хирург со аутизам и савантизам се вработува во престижна болница и се обидува да го најде своето место меѓу вработените

(1) tv-serija-dobriot-doktor-the-good-doctor0www.kafepauza.mkГлавни улоги: Фреди Хајмор, Николас Гонзалес, Антонија Томас

Жанр: драма

Креатор: Дејвид Шор

Премиера: 25 септември 2017

Број на сезони: 1

Времетраење: 40 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (4 гласа, просек: 8,75 од 10)
Loading...

 

Фреди Хајмор го толкува ликот на д-р Шон Марфи, иден хирург кој е дијагностициран со аутизам и савантизам. Веднаш штом ќе ги прочитате овие два поима, ќе заклучите дека станува збор за навистина тешка улога и дека ретко кој би можел да ја одглуми правилно, прикажувајќи ни реален лик со кој ќе можеме да се поврземе и кој ќе им даде надеж на сите високо функционални аутисти (и други личности со некаков инвалидитет) дека можат да бидат сè што ќе посакаат. Но не грижете се, Фреди Хајмор успева во својата цел. Тој толку добро го оживува својот лик, што уште во првите неколку минути ќе успеете да сочувствувате со него и целосно да се поврзете.

(2) tv-serija-dobriot-doktor-the-good-doctor0www.kafepauza.mk (3) tv-serija-dobriot-doktor-the-good-doctor0www.kafepauza.mk

Оваа серија ги има сите карактеристики на типична медицинска ТВ приказна, вклучувајќи ги емоционалните моменти што ќе ви го забрзаат срцебиењето, драмата поврзана со животот и смртта, како и неверојатното спасување човечки животи. Тоа што можеби ѝ недостига е подетална разработка на споредните ликови и поголем увид во секојдневниот живот на главниот лик. Но со оглед на тоа што има само неколку епизоди, и одлична основа со голем потенцијал, сигурна сум дека набрзо серијата ќе прерасне во тоа што сите фанови на медицинските приказни го бараат. Останува на времето да докаже дали сум била во право или не.

(4) tv-serija-dobriot-doktor-the-good-doctor0www.kafepauza.mk (5) tv-serija-dobriot-doktor-the-good-doctor0www.kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар