Telekom Electronic Beats – премиерно во Македонија

Telekom Electronic Beats – премиерно во Македонија

  • Ame, DJ Koze, Tijana T и Herzel во МКЦ во Скопје на 27 октомври
  • Со секој билет – неограничен интернет со Cool во Magenta1 и Smart постпејд за период од 24 месеци

Македонски Телеком ја носи за првпат во Македонија Telekom Electronic Beats, познатата европска програма за музика и животен стил. Оваа програма, добро позната на љубителите на современата клупска музика, ќе стартува во Скопје, МКЦ на 27 октомври со DJ сетовите на Ame, DJ Koze, Tijana T и домашна поддршка од Herzel.

Telekom Electronic Beats – премиерно во Македонија

Уште од 2000 година, Дојче Телеком ги постави стандардите за промоција на меѓународна музика и содржини од модерниот начин на живот со Electronic Beats. Првично формирана за музички маркетинг, програмата сега ја опфаќа силната врска помеѓу музиката и другите животни области како што се дизајн, технологија, мода и уметност. Telekom Electronic Beats има иновативно медиумско портфолио, продуцира сопствени фестивалски серии и настани во живо низ цела Европа, а истовремено нуди иновативни производи и услуги на Телеком.

Програмата ги прошири своите локални изданија од Германија во Полска, Унгарија и Албанија, а од сега и во Македонија. Локалното медиумско портфолио започнува со страницата electronicbeats.mk којашто е поврзана со Facebook и Instagram.

Telekom Electronic Beats – премиерно во Македонија

„Со Telekom Electronic Beats сакаме да ги надминеме европските граници – но и границите и бариерите во човековиот ум. Сакаме да им помогнеме на луѓето вистински да се поврзат преку музиката“, истакна Андреас Елснер, Главен извршен директор на Македонски Телеком.

По повод премиерата на Telekom Electronic Beats, Македонски Телеком подготви ексклузивна понуда за своите корисници. Со секој билет за Telekom Electronic Beats, корисниците добиваат неограничен интернет со Cool тарифата вклучена во Magenta1 и со Smart постпејд за период од 24 месеци. Промоцијата може да се искористи со билетот во која било Телеком продавница.

Со стартувањето на Telekom Electronic Beats, македонската публика може да очекува влијателно новинарство посветено на музиката и урбаниот животен стил, како и настани поврзани со овие области. Берлин, Варшава, Будимпешта и Тирана се само дел од градовите во кои се споделуваат незаборавни музички и животни искуства. Скопје ќе биде следно.

Telekom Electronic Beats – премиерно во Македонија

Премиерниот настан на Telekom Electronic Beats ќе започне во 23:00 часот во МКЦ, а претходно, со почеток од 19.00 часот, во џебното кино на МКЦ ќе има проекција на документарните филмови Raving Iran и Richie Hawtin (Slices documentary).


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар