11 скриени симптоми за рак на дојка што мора да ги знаете
Ракот не е нешто за коешто луѓето сакаат да разговараат. Но сепак, колку и да се обидуваме да го игнорираме, никој не е безбеден од него. Постојат голем број начини да го намалите ризикот од рак, и во зависност од медицинската историја на вашето семејство, вашите шанси можат да бидат помали или поголеми во однос на другите. Сепак, добро би било да ги знаете скриените знаци кои ќе ви помогнат да откриете дали имате рак на дојката. Колку порано ја „уловите“ болеста, толку е поголема шансата за лекување.
1. Промена на текстурата на кожата
Повеќето жени не се загрижуваат кога ќе забележат промена на кожата на градите, но дури и најмалите промени можат да бидат причина за загриженост. Побарајте каква било промена на вашите гради. Редовно проверувајте ја нивната форма и изглед во огледало. Кожата на вашите гради би требало да биде нежна.
2. Исцедок од брадавиците или нивна промена
Освен ако не доите, имате некаква инфекција или примате некаква терапија, од вашите брадавици не треба да излегува ништо. Ако се појави каков било исцедок, веднаш посетете го вашиот лекар. Исто така ако забележите и промени во изгледот на вашите брадавици, најдобро ќе биде да се консултирате со лекар.
3. Осипи
Ако вашите гради се црвени и потечени, вашето тело се обидува да ви каже дека нешто не е во ред. Овој симптом може да биде предизвикан од инфекција на градите, или пак од рак. Инфекциите на градите и осипите може да се појават кога жените дојат, и поминуваат брзо. Ако кожата на вашите гради е потемната и има модринки, а вашите гради се потечени, веднаш побарајте медицинска помош.
4. Едната дојка е потопла
Покрај другите симптоми, многу често се случува едната дојка да е потопла на допир и да е потврда од другата. Овој симптом често е придружуван со осипи, подуеност и промена на бојата на кожата.
5. Промени во големината и формата
Промената на големината и формата може да биде знак дека вашите млечни жлезди се потечени. Ова може да биде знак за рак, особено ако симптомите се појавуваат само во едната дојка. Промената на големината е невообичаена работа и не е поврзана со вашиот менструален циклус.
6. Проширени вени
Кога ги прегледувате вашите гради, добро погледнете дали има некои нови вени. Проширените вени може да бидат знак дека вената е блокирана од ракот. Дури и посуптилните промени не треба да бидат игнорирани.
Продолжува на следната страница…