Луѓето имаат по 5 сетила кои им помагаат да се снаоѓаат во светот околу нив – сетило за вид, слух, вкус, допир и мирис. Иако голем број луѓе мора да се адаптираат да живеат без некои од овие сетила, повеќето секојдневно се потпираат на нив за да откријат важни информации со цел да се заштитат.rnrn
rnrnНо понекогаш нашите сетила може да нè излажат. Ова се случува кога луѓето гледаат привиденија во пустините кои всушност се оптички илузии. Од друга страна, халуцинациите се нешто што е целосно измислено, односно перципирање на нешто што воопшто не постои. Халуцинациите најчесто се појавуваат во визуелна форма, но постојат и олфакторни халуцинации што влијаат на вашето сетило за мирис.rn
Што всушност преставува олфакторната халуцинација?
rnОва се случува кога чувствувате некоја миризба што не постои. Овие халуцинации се многу чести и не треба да бидат причина за грижа. Сепак, понекогаш може да укажува на некаков проблем. Постојат неколку факти и причини за оваа појава. Погледнете за кои станува збор.rn
1. Миризбата не може да биде објаснета
rn
rnrnПрвиот чекор за откривање на оваа халуцинација е да го откриете изворот на миризбата која ја чувствувате. На пример, ако чувствувате мирис на пица и се прашувате од каде доаѓа, можеби станува збор за празна кутија од пица. Но, ако почувствувате некоја арома која е необична и не можете да го откриете нејзиниот извор, тогаш станува збор за халуцинација.rn
2. Миризбата може да биде пријатна или непријатна
rn
rnrnНема одредени миризби кои се поврзани со оваа халуцинација. Единственото нешто кое им е заедничко е тоа што не постојат. Тоа значи дека можете да чувствувате мирис на рози, како и мирис на корпа за отпадоци. Но тоа што навистина е интересно е дека една од најчестите олфакторни халуцинации е миризбата на чад.rn
3. Може да трае, но може да биде и кратка
rn
rnrnОвие „фантомски“ ароми не следат некој распоред. Во некои случаи може да траат само неколку секунди. Но најчесто се појавуваат неколку пати и потоа исчезнуваат.rnrnПродолжува на следната страница…rn