КАФЕ ПАУЗА

Што можат да ви откријат линиите на малиот прст за вашиот карактер?

Што можат да ви откријат линиите на малиот прст за вашиот карактер?

Сигурно сте забележале дека површината на прстите помеѓу трите зглобови не е еднаква. Се верува дека токму должината на секој од трите дела на прстот може да го одреди карактерот на личноста, а тоа особено важи за малиот прст. Трите линии на малиот прст можат да ви помогнат да дознаете сѐ за себе, но и за другите…rnrnШто можат да ви откријат линиите на малиот прст за вашиот карактер?rn

Прв дел

rnАко првиот дел помеѓу зглобовите, оној што е најоддалечен од дланката, има најголема должина, тоа значи дека оставате длабок впечаток кај луѓето. Тие ве сметаат за лидери, бидејќи се издвојувате од толпата и секогаш кога имаат проблем, ви се обраќаат токму вам за совет.rn

Среден дел

rnАко средниот дел од прстот ви е најдолг, тоа е знак дека сте многу нежни и грижливи. Вие се грижите за сите луѓе околу вас и претставувате вистинска мајчинска фигура. Многу сте сочувствителни и сечие страдање го чувствувате како свое.rnrnОд друга страна, пак, доколку овој дел од прстот ви е најкраток, тоа значи дека многу сте тврдоглави и не отстапувате од вашите уверувања дури ни тогаш кога знаете дека грешите. Токму затоа, понекогаш сте напорни за околината.rn

Трет дел

rnДоколку третиот дел од вашиот прст, оној што е најблиску до дланката, е пократок од останатите два дела, многу сте смирени и ретко се случува да го повишите тонот или да кажете лош збор. Многу сте искрени, но и наивни, бидејќи очекувате дека сите треба да се како вас, па честопати имате проблеми поради таа ваша особина.rnrnДоколку сакате да дознаете повеќе за себе, прочитајте што кажува линијата на срцето на вашата дланка за вашиот живот.