Жената која ги кршела машките срца како да се од стакло: Ова е првата старлета во историјата!
Поимот старлета не е создаден во модерната доба и денешното општество. Всушност тој е стар со векови, а изгледа дека младите и убави девојки желни за слава и моќ уште одамна го привлекувале вниманието на мажите, а предизвикувале завист и мразење кај другите жени. За тоа дека жените го користеле убавото лице и атрактивното тело за да ги остварат своите цели е познато уште од создавањето на светот, но пред Ким Кардашијан и домашните старлети, постоела една дама чие име било табу и кое жените го изговарале со презир. Станува збор за Мери Несбит.
Таа ја понела круната за првата старлета во историјата на светот, а станува збор за интелигентна, слободоумна, и како што ќе излезе на крај, многу способна жена која била куртизанка на дворот во 18 век, но благодарение на својот шарм, убавина, харизма и интелигенција се нашла во центарот на општествените настани и политички интриги во Англија.
Мери Несбит била многу убава жена со руса коса, а бидејќи се родила во сиромашно семејство тежнеела кон слава, моќ и богатство. Таа ја усовршила техниката за кокетирање, а благодарение на својот атрактивен физички изглед како од шега ги освојувала срцата на моќните мажи од тоа време. Вратите од нејзиниот дом секогаш биле ширум отворени за богатите и моќни мажи, а со тек на времето и таа самата станала многу влијателна и признаена. Секогаш била во центарот на случувањата, а мажите се „кршеле“ околу неа. Популарноста на оваа дама нагло отскокнала кога во една прилика паднала од коњ, а не носеле гаќички – таа оваа незгода ја претворила во момент на слава која паметно ја искористила. Всушност, тогаш позирала за портрет на славниот уметник од тоа време, Џош Рејнолдс, а потоа ја умножила сликата и ја поделила на своите машки обожаватели.
Мери Несбит ја искористила својата популарност и станала добредојден гостин на забавите, баловите и вечерите. Заради тоа имала многу љубовници и афери, а бидејќи се забавувала само со најмоќните мажи, воопшто не е чудно што се омажила за Александар Несбит, најмладиот син на богат банкар од Лондон. Од сиромашна девојка, Мери станала опкружена со луксуз и удобност.
Меѓутоа, Мери не била само убавица, туку таа станала и уважен дипломат. Имала безброј афери со офицери, грофови, банкари и мажи со политички амбиции, но таа станала своевиден дипломат. Се претпоставува дека тогашниот премиер Вилјам Пит ја ангажирал како владин агент во своите тајни намери да ја обнови француската монархија. Мери потоа го поминала својот живот патувајќи по странство и претставувајќи ја Велика Британија како дипломат. Починала во својата длабока старост, поточно во својата 82 година, а погребана е на 4 ноември 1825 година.
Исто како и денешните старлети, така и Мери Несбит не била само убаво лице, туку имала и слух за бизнис.
Да се присетиме на уште една приказна од историјата, односно приказната за тажната принцеза Елизабет од Баварија.