Avon со новиот течен кармин Mark ги следи потребите на модерните жени
Следејќи ја мисијата постојано да ја подобрува и збогатува палетата на производи со цел да ги задоволи барањата на своите корисници, во Кампања 15 компанијата Avon ги промовира новиот течен кармин MARK и ротацискиот ноќен крем-третман против брчки Anew Infinite Reversalist. Станува збор за два производи кои се дизајнирани според потребите и желбите на модерните жени чиј живот е сè подинамичен и бара козметички и декоративни решенија кои делуваат брзо и ефективно.
Најсилните страни на течниот кармин MARK е фактот дека трае со часови без да ги суши усните благодарение на гел-подлогата, целосно ги покрива усните со интензивна боја и притоа се добива максимална прецизност без размачкување. Ротацискиот ноќен крем-третман Anew Infinite Reversalist е моќен третман кој ги измазнува брчките на лицето, ја подмладува кожата и го изедначува тенот.
Течниот кармин Mark е достапен во мат и сјајна формула, а девојките имаат избор од 20 различни нијанси, по 10 од секоја формула. Една од најспецифичните иновации врзани за течниот кармин MARK е апликаторот во форма на дијамант со кој веднаш, дури и на краевите од усните, карминот се нанесува брзо и лесно. Формулата на течниот кармин е богата со пигмент што дава интензивна и долготрајна боја на вашите усни, а самите усни добиваат јасна дефиниција.
„MARK е колекција наменета за девојки и жени кои сакаат да експериментираат со бои и не се плашат да ги покажат своите предности. Со оглед на тоа дека денешниот живот станува побрз, на жените им се потребни решенија и производи кои се долготрајни и овозможуваат лесно нанесување. Токму тоа беше целта при креирањето на течните кармини Mark. Лесни се за аплицирање и траат со часови, а притоа и нема да се избришат при првиот пијалок или оброк“ – посочуваат од канцеларијата на Avon во Македонија.
Ноќниот крем-третман Anew Infinite Reversalist по една недела користење значително ја потхранува кожата со формулата PHYTOL+ и ја подготвува за активна обнова во текот на втората недела, преку примена на втората формула со Super Retinol. Овој револуционерен концепт една година бил на клинички тестирања и унапредување на формулата за на крај да се добие идеалниот производ кој дава видливи резултати кои постојано напредуваат.
„Производот е составен од 2 ноќни кремови кои се употребуваат наизменично на секои 7 дена и со самото тоа помагаат кожата постојано да реагира на дејството на активните состојки. Докажано е дека овој пристап е многу поефективен отколку употребата само на ретинол. Нивото на колаген се зголемува, а резултатите се засилуваат по секој изминат месец па сè до една година“ – велат од канцеларијата на Avon во Македонија.
Течните кармини Mark и ротацискиот ноќен крем-третман Anew Infinite Reversalist веќе се достапни и во Македонија преку претставничката мрежа на AVON и може да се нарачаат од новата Брошура 15 која е достапна за разгледување на www.avoncosmetics.com.mk.