КАФЕ ПАУЗА

7 прашања кои секоја жена сака да ги слушне од својот партнер

Пред судбоносното „Ќе се омажиш ли за мене?“ постои низа други прашања кои секоја жена сака да ги чуе од мажот со кој е во врска, особено кога се на почетокот и во фазата на запознавање. Сите жени сакаат да знаат дека мажот со кои се во врска сака подобро да ги запознае. Тие сакаат да бидат сигурни дека можат со нив да разговараат на овие теми, пред да почнат да размислуваат за заедничка иднина. Погледнете за кои прашања станува збор…rnrn7 прашања кои секоја жена сака да ги слушне од својот партнерrn

1. „Кога би можела да одбереш да живееш каде било на светов, каде би било тоа?“

rnСо овие прашања може да се започне многу интересен разговор. Ослободете ја фантазијата и впуштете се во патување преку светот со мислите. Возбудливо, но и романтично.rn

2. „Со што се занимаваш во животот?“

rnЖената сака да знае дека мажот сериозно ја сфаќа нејзината работа, како и нејзините амбиции. Исто така ова прашање може да отвори и други теми, завршувајќи со разговор за тоа што и двајцата го сакате во животот.rn

3. „Каква си била како девојче?“

rnОва прашање може да измами насмевка на лицето на голем број жени бидејќи инстантно ги навраќа во детството. Тие исто така сметаат и дека е многу слатко кога мажите се интересираат каква била жената која сакаат да ја шармираат како мала.rn

4. „Можам ли да ти помогнам?“

rnЕдинствената подобра работа од тоа мажот да ја праша жената дали треба да ѝ помогне при носењето кеси од маркетот е доколку нежно ги преземе од нејзините раце без воопшто да побара дозвола.rn

5. „Каде би сакала да отпатуваш?“

rnСо ова прашање мажите покажуваат дека имаат широки видици, а заклучокот дека би сакале да отпатувате на исто место може да покрене сосема нови идеи и планови за како заедно да го посетите ова место во иднината.rn

6. „Кој е последниот концерт кој си го посетила?“

rnЖените се согласуваат дека ова прашање сакаат да го слушнат многу повеќе од секојдневното „Каква музика слушаш?“ Прашањето за концертот е поспецифично, додека вашиот одговор ќе му каже многу повеќе за вас отколку само жанрот на музиката која ја слушате.rn

7. „Како си?“

rnТолку едноставно, а толку занемарено прашање.