Животот е еден, односно треба да го цениме секој момент и да го искористиме на најдобриот можен начин. Губењето време на одреден работи едноставно нема смисла и би требало да го посветиме на она што нè прави среќни и што е добро за нашата иднина. Ви откриваме 5 најчести причини за губење време заради кои пред или подоцна со сигурност ќе зажалиме.
rn
1. Вложување напор и труд за да ги избегнеме проблемите
rnИзбегнувањето на проблемите не служи за ништо, а напорот кој го вложуваме во тоа е само губење време бидејќи на крајот сепак мораме да се соочиме со нив, а проблемите, исто така, со тек на време може да станат уште полоши.rn
2. Разговарање за емоциите, но не и за нивните причинители
rnИскажувањето на емоциите е многу важно, но подеднакво важно е и разбирањето зошто се чувствуваме така. Разговарањето и искажувањето на емоциите, без потрага по нивниот извор, можеби ќе ви овозможи моментално ослободување од негативноста, но таа негативност ќе се враќа сѐ додека не се соочиме со она што ја предизвикува.rn
3. Расправање за победа
rnПонекогаш не постои правилен или погрешен одговор. Секој има своја перспектива и мислењата се разликуваат, па затоа ако се расправате само за да докажете дека сте во право и нема баш некоја смисла. Победата во таквата расправија нема да допринесе ништо корисно, освен што ќе го „нахрани“ вашето его.
rn
4. Останување во врска со погрешна личност
rnБез разлика колку се грижите за таа личност, ако повеќе не се согласувате и не сте во среќна врска, тогаш е време да го направите следниот чекор во животот. Останувањето со погрешна личност е губење време, бидејќи без разлика што ќе направите, некои врски едноставно никогаш нема да „проработат“ и секојдневно ќе си ја зголемувате својата несреќа.rn
5. Живеење на животот со цел да ги импресионираме другите
rnНевозможно е да го задоволите и да го импресионирате секого, па затоа нема смисла ниту да се обидувате. Животот е еден и треба да го живеете за себеси, а не за другите. Треба да се фокусирате на самите себе, на вашата среќа и иднина, и воопшто да не се грижите за мислењето на другите луѓе, бидејќи тоа е навистина губење време.

