КАФЕ ПАУЗА

Седум нешта за водењето љубов што треба да ги знае секоја жена пред да наполни 30 години

Седум нешта за водењето љубов што треба да ги знае секоја жена пред да наполни 30 години

Повеќето дами признаваат дека откриле каков е добриот секс дури откако наполниле 30 години, а за тоа има и едноставно објаснување. Имено, многу од нив дури тогаш се ослободуваат од срамежливоста, подобро се запознаваат себеси и се опуштаат.rnrnСедум нешта за водењето љубов што треба да ги знае секоја жена пред да наполни 30 годиниrn

1. Побарајте го тоа што го сакате

rnМажите сè уште не ги совладале вештините за читање на мислите, затоа не очекувајте од нив да знаат што сакате. Наместо да бидете незадоволни од тоа што се случува под јорганот, кажете му на партнерот што сакате, што ве возбудува и за што фантазирате.rn

2. Вревата е пожелна

rnВашите воздишки и вербалното изразување на задоволството, дополнително ќе ги разгори страстите.rn

3. Мастурбацијата повеќе не е табу

rnНиту пак, е резервирана само за мажите. Опуштете се и запознајте го сопственото тело. Можеби ќе се изненадите колку е тоа возбудливо.rn

4. Обидете се со нови нешта

rnРутината е одлична. Сè додека не стане смртоносно досадна. Ако веќе знаете како изгледа предиграта и како таа завршува – време е да пробате нешто ново. Не мора тоа да биде ништо екстремно, затоа што дури и најмалата промена може да ја разбуди заспаната заводничка во вас.rn

5. Постојаното одбивање не е забавно

rnВо ред е да одбиете секс ако не сте расположени за тоа, но ако никогаш не сте расположени, запрашајте се во што е проблемот. Време е да го изненадите вашиот партнер и да го направите првиот чекор со тоа што први ќе му предложите водење љубов.rn

6. Почестете се себеси купувајќи си секси долна облека

rnДа, почестете се себеси со облека која ќе го „зачини“ вашиот љубовен живот, а и вашиот партнер сигурно ќе ужива во тоа.rn

7. Не одбивајте да бидете интимни затоа што не сте целосно мазни

rnКратко и јасно – баш му е гајле на партнерот заради тоа што вам ви израснале неколку влакна. Немојте да бидете премногу строги со себе.rnrnМожеби сакате да прочитате и за едно интересно истражување во кое се открило дека голем дел од мажите копнеат за секс на ова необично место.