11 светски тајни за кои никогаш нема да ја дознаете вистината
Нашата неверојатна планета никогаш нема да престане да нѐ изненадува. Постојат толку многу работи и места што не можат да бидат објаснети и анализирани. Тие претставуваат загатки за човештвото и поради тоа секогаш успеваат да ни го привлечат вниманието. Прочитајте за следниве 11 интересни места и феномени чија појава никој не успеал да ја разбере досега…
1. Камењата Моераки
Овие камења се неверојатни поради нивната големина и форма. Како е можно да постојат толку идеално тркалезни камења? Сѐ уште нема јасен одговор.
2. Животинска миграција
Животинската миграција е природен феномен. Животните патуваат од едно на друго место, најчесто за време на истиот период секоја година. Сепак, научниците не можат да ја објаснат појавата на овој значаен инстинкт што постои кај различни видови птици, риби, инсекти и цицачи.
3. Големата сфинга во Гиза
Малата глава на сфингата го навела геологот Роберт Шох од Бостон да претпостави дека статуата најпрво имала глава на лав. Оваа глава била изрезбана во мистериозното насмеано лице на фараонот, по негова наредба. Меѓутоа, оваа хипотеза не била научно поддржана, бидејќи 3-те пирамиди се поврзуваат со ѕвездите од соѕвездието Орион.
4. Синхронизирани светулки
Наместо да светат тогаш кога ќе посакаат, светулките се осветлуваат истовремено, на секои 1 до 2 секунди и делуваат навистина синхронизирано. Џонатан Коупленд, експерт за светулки од Универзитетот во Јужна Џорџија, тврди дека можеби се работи за некаков ритуал. Меѓутоа, никој не знае за што точно станува збор.
5. Каменот Мередит
Овој камен бил најден во 1872 година за време на изградбата на градот Мередит во коритото на езерото Винипесоки, во Њу Хемпшир, САД. Каменот Мередит е парче од обработен кварц. Никогаш немало кварц во Њу Хемпшир, па затоа каменот мора да доаѓа од друго место. Потеклото и функцијата на каменот сѐ уште се непознати.
Продолжува на следната страница…