КАФЕ ПАУЗА

9 прехранбени производи кои го регулираат нивото на хормоните

Прехранбени производи кои го регулираат нивото на хормоните

Исхраната го менува начинот на кој телото функционира и може да влијае позитивно на хормоналните проблеми. Токму затоа и погледнете како со правилната исхрана можете да го регулирате нивото на хормоните во вашиот организам.rn

1. Брокула

rn9 прехранбени производи кои го регулираат нивото на хормонитеrnrnБрокулата изобилува со фитохемикалии на ди-индолил метан кои го чистат организмот од отровната форма на естрогенот. Ваквиот тип естроген го има во преработената храна и пестицидите, а неговото внесување во организмот предизвикува низа хормонални проблеми кои можат да резултираат со промена на расположението, депресија и неконтролирано дебелеење.rn

2. Сладок компир

rnСлаткиот компир е богат со аминокиселината триптофан која го намалува нивото на кортизолот – стрес хормонот. Тој исто така содржи и витамин Б6 кој го поттикнува метаболизмот и јаглехидратите кои бавно се разградуваат. Со самото тоа што телото добро го вари, подолго го снабдува организмот со серотонин. Со тоа се подигнува расположението и се намалува желбата за храна.rn

3. Лосос

rn9 прехранбени производи кои го регулираат нивото на хормонитеrnrnЛососот е богат со аминокиселини и омега-3 киселини кои ги балансираат хормоните и ги задоволуваат дневните потреби од протеини. Протеините се важни бидејќи влијаат на хормоните и ја менуваат работата на мозокот. Со јадењето лосос, телото добива доволна количина неопходни хранливи материи кои ја намалуваат желбата за шеќер, го намалуваат нивото на кортизолот и го поттикнуваат правилното производство на естроген и тестостерон.rn

4. Јогурт

rnЈогуртот е богат со протеини, калциум, магнезиум, витамин Б6 и калиум. Овие хранливи материи го намалуваат стресот, ризикот од драстични промени на расположението и обемот на половината. Не се препорачува да јадете овошни јогурти, бидејќи се богати со шеќери кои во истиот момент го зголемуваат шеќерот во вашата крв, но и подеднакво брзо го спуштаат, а со тоа и негативно влијаат врз вашата енергија.rn

5. Шумско овошје

rn9 прехранбени производи кои го регулираат нивото на хормонитеrnrnИсто како и брокулата, така и шумското овошје му помага на телото при исфрлувањето на отровниот естроген кој влијае врз расположението и тежината. Тоа меѓу другото го чисти дигестивниот тракт и го зајакнува црниот дроб. Има ниско количество шеќери, па токму затоа е и идеален и здрав додаток во исхраната. Прехранбените производи кои се богати со шеќери можат да предизвикаат хормонални промени кои, пак, потоа можат да предизвикаат дебелеење и претставуваат стрес за организмот. Освен шумско овошје, се препорачува да јадете акаи бобинки, кокос и спирулина.rn

6. Бадеми

rn9 прехранбени производи кои го регулираат нивото на хормонитеrnrnБадемите изобилуваат со магнезиум, витамин Б6, калциум и калиум кои ги регулираат организмот и расположението. Се препорачува секој ден да јадете до 20 бадеми, особено кога добивате желба за благи работи. Бадемите ќе ве заситат и нема да го зголемат нивото на шеќерот во вашата крв.rn

7. Сурутка

rnТаа е одлична за жените со хормонални проблеми. Не содржи холестерол, масти и лактоза, но обилува со триптофан и Л-глутамин кој го поттикнува производството на глутатионот, главниот антиоксиданс во човечкото тело. Со засиленото производство на овој антиоксиданс се зајакнува имуниот систем, но и се балансира нивото на тестостеронот во телото. Најдобро е да се користи протеински додаток кој содржи стевија, а не преработен шеќер.rn

8. Зелен листест зеленчук

rn9 прехранбени производи кои го регулираат нивото на хормонитеrnrnКељот, зелената салата, празот и блитвата имаат слично дејство како и шумското овошје и брокулата. Тие го чистат телото од лошиот естроген кој доаѓа со преработената храна и пестицидите. Јадењето на зелениот листест зеленчук, кој е богат со витамини и минерали, го смалува нивото на хормонот кортизол и ја зајакнува крвната слика.rn

9. Кисела зелка

rnКиселата зелка ги чисти црниот дроб и телото од отрови и ја регулира крвната слика. Овој зеленчук е богат со пробиотици кои позитивно делуваат на хормоните, го балансираат расположението и го регулираат дигестивниот систем.